Занимливости

Опасни по здравје: Хигиенски навики кои мислиме дека се добри!

Постојат 10 научно докажани факти за штетноста на нашите вообичаени навики. Овие информации ќе ви помогнат да го зачувате вашето здравје. Колку и да изгледаат овие навики безобасни, сепак тие се исклучително нехигиенски.

Киснење на садовите во мијалник

Мијалникот е совршено опкружување за бактерии. Тука можете да најдете салмонела, цревни бактерии или стафилокока. За да ги одбегнете овие бактерии, чистете го мијалникот не само по перењето на садовите, туку и при допир со храна како што е рибата, свежото месо, млечни производи или зеленчук.

Миење раце со топла вода

Некои истражувања покажаа дека температурата на водата не влијае на уништувањето на бактериите. Многу е важно времето кое го минувате во миење раце : доколку ги миете рацете 5 секунди, нема да има никаков ефект, но за 30 секунди можете да ги уништите сите бактерии. Честото миење на рацете со топла вода ја намалува заштитната функција на кожата и може да се појави иритација или дерматитис.

Вежбање со шминка

Во текот на вежбањето, на нашата кожа и е потребно да дише и да се чисти самата. Доколку носите шминка, таа ќе ги затвори порите и на тој начин можат да настанат кожни проблеми. Затоа, вадете ја шминката пред вежбање !

Користење сушач за раце

Електричните сушачи за раце се нехигиенски. Тие собираат многу бактерии, ги шират во воздухот и завршуваат на вашето тело, кожа и бели дробови.

Честа употреба на платнена торба за пазарење

Оваа торба доколку се користи повеќе од еднаш, голема е веројатноста да е преполна со бактерии. Најдобро е да користите ќеса за еднократна употреба или секојдневно да ја перете платнената торба.

Сечење месо и зеленчук на иста даска

Даската за сечење содржи 200 пати повеќе бактерии од даската за веце-школка. По сечењето на свежо месо, даската е контаминирана со салмонела и кампилобактер ( овие бактерии се најчеста причина за труење со храна ). Од тие причини, најдобро би било да користите посебни даски за сечење месо и зеленчук и да купувате стаклени наместо дрвени даски.

Користење апарат за кафе

На апаратот за кафе има повеќе бактерии отколку на рачката од вратата на купатилото. За да го зачувате вашето здравје, мијте го често резервоарот на апаратот за кафе со топла вода и средство за миење садови.

Носите телефон во ташна

Можеби ви се чини дека вашата ташна е добро и чисто место за заштита на телефонот од надворешната средина, но тоа не е точно. Подобро е да го носите телефонот во џеб или да го чувате во футрола, отколку да го носите во ташна. Просечниот телефон е 10 пати поконтаминиран од даската на веце-школка. Бришете го телефонот секој ден со влажно марамче.

Перење зимска облека напролет

Препорачливо е капите, шаловите и ракавиците да се перат на 1-2 недели. Овие делови облека се извор на бактерии и при допир со нашата уста и нос, ги пренесуваат бактериите и го ослабнуваат нашиот имунолошки систем.

Делење храна со пријателите – тоа е добро за вашето здравје

Вашиот имунолошки систем ќе ви биде благодарен доколку се обидете да изедете десерт од истата чинија, од која јадел и вашиот пријател. Научниците велат дека на овој начин се разменуваат добрите бактерии.

Но, ова не се однесува на болните лица – не е здраво да се дели храна со некој кој е болен.

error: