Занимливости

НОВ ТРЕТМАН ЗА АЛЕРГИЈА НА КИКИРИКИ

Оралниот третман за алергија на кикирики се покажа како исклучително ефикасен и по 4 години употреба, покажа новото истражување на австриските научници.

На почетокот на истражувањето, алергичните деца секојдневно во период од 18 месеци примале комбинација од пробиотик и протеини од кикирики. Бил користен пробиотикот Lactobacillus rhamnosus кој веќе се поврзува со превенција од некои симптоми на алергии. Истата пробиотичка бактерија се покажала корисна и во лекување на екзем, респираторни заболување и АДХД синдромот.

Месец дена по завршување на терапијата, 80% од алергичните деца можеле да толерираат кикирики без никакви симптоми на алергија.

Научниците од истражувачкиот институт во Мелбурн истакнуваат дека сега за првпат е постигнат успех за волку долготрајно алергиско дејство. Меѓу алергиите на храна, алергијата на кикирики е една од најчестите причини за смрт.

Ако имате сомнеж дека детето добива акутна алергиска реакција, веднаш повикајте Брза помош.

Симптомите по кои можете да познаете алергија:

  • осип или чешање
  • потечени очи, усни, раце и нозе
  • замор
  • отечени грло или јазик, отежнато голтање и дишење
  • болки во стомакот, гадење и повраќање
  • напади

 

Д.К.

error: