Занимливости

Немате климатизер? 10 супер летни тактики за преживување

разладување без клима

Летото е прекрасен период од годината, но високите температури кои достигнуваат над 30 целзиусови степени можат да бидат неподносливи доколку немате климатизер во домот, автомобилот или на работното место.

Немилосрдната топлина прави да изгледате и да се чувствувате непријатно. Доколку немате клима уред, веројатно ќе почувствувате потреба да импровизирате со некои од овие совети:

  1. Спријателете се со вентилаторот

Кога климатизерот не е опција, циркулацијата на воздухот е клучот. Воздухот циркулира најдобро, кога се “разнесува” со вентилатор. Тука е вклучена стратегија. Кога некои ноќи се ладни, отворете ги сите прозорци и врати и вклучете ги вентилаторите да го разнесат ладниот воздух во вашиот топол дом. Во ладните ноќи, држете ги прозорците отворени за да може да навлезе природното ветре во вашите простории. За време на топлите денови, затворете ги сите прозорци, врати, спуштете ги ролетните или ставете завеси, за да се задржи ладниот воздух од претходниот ден.

2. Одиме во подрум

Во минатото, кога климатизерите беа луксуз и ги поседуваа малкумина, за останатиот дел од општеството подрумот беше единственото прибежиште и спас од топлите денови. Во подрумите се поставуваа кревети и се создаваше атмосфера налик на кампување. Подрумите се најдобрата локација за одмор и заштита од високите летни температури.

3. Хидрирајте се

Летото и водата се одлична комбинација, но многу луѓе, во текот на топлите денови  ја занемаруваат постојаната потреба од оваа течност. Но, сепак, вашето тело има свои начини за да ве потсети дека не го заменувате губитокот на вода. Секогаш носете со себе шише вода, како би се рехидрирале и не би дозволиле да дојде до дехидрација. Исто така, запомнете дека на вашето тело му се потребни електролити и други течности кои ќе помогнат да се врати и зголеми телесната енергија. Ова особено се однесува на лицата кои имаат физички активности. Храната богата со натриум, хлорид, калиум и калциум, специјално формулираните пијалоци за спортисти и кокосовата вода, помагаат за  обновување на телесната енергија.

4. Разновидна вода

Размислете колку добро се чувствувате кога ќе ги потопите вашите нозе или целото тело во езерска вода или во базен. Тоа е една од најголемите радости во летото. Можете многу повеќе да направите со H2O за да се разладите во текот на денот. Можете да ги потопите нозете во корито или во кофа или пак, да го намокрите пешкирот со вода и да го ставите на вашите раменици и на тој начин да се разладите. Секогаш носете со себе шише вода со распрскувач и често туширајте се со ладна вода.

5. Ограничете го внесот на алкохол и кофеин

Пивото и виното се одлични за дружење со пријателите, особено за забави покрај базенот, додека кофеинот е одличен старт за почеток на денот без оглед на висината на дневната температурата. Но запомнете, ниту алкохолот, а ни кофеинот не се добри за хидрација, па ни за издржување на високите температури. Ова не значи дека не треба да ги консумирате во текот на летото, но количините треба да ги ограничите и да ги комбинирате со големо количество на вода.

6. Намалете го внесот на протеини

Исхраната е исто толку важна колку што е консумирањето на вода. Во летниот период, вашето тело не треба да се преоптоварува со оброци богати со протеини бидејќи, оваа исхрана може да ја зголеми метаболичката температура и да го загрее вашето тело. Можеби би сакале да консумирате свежо овошје и зеленчук, бидејќи тие се ладни и содржат вода и ќе ви помогнат да останете свежи во текот на денот.

7. Намалете ги изворите на топлина

Постојат неколку примарни апарати кои генерираат топлина, особено микробрановата, шпоретот, машините за алишта и садови и фенот. Не велиме дека не треба да готвите, но обидете се да подготвувате храна која бара помалку готвење на пример : гответе риба наместо говедско месо. Со оглед на тоа што во летните периоди се носи помалку облека, нема потреба од постојано користење на машина, а и многу полесно ќе се исушат алиштата на сонце отколку во машина за сушење алишта. Исто така, светилките генерираат топлина, па обидете се да ги исклучувате секогаш кога ќе се појави можност за тоа.

8. Спречете ги болестите кои се резултат на топлина

Најдобар начин да се превенира настанување на болести како резултат на топлината е да се препознаат нивните симптоми. Болестите како што се топлотните грчеви, осип предизвикан од топлина, исцрпеност и топлотен мозочен удар имаат слични симптоми и се пропратени со бледило, влажна кожа, прекумерно потење, грчеви во мускулите, замор и омалаксаност, отоци, проблеми со голтањето, вртоглавица и главоболка. Во овој случај, треба веднаш да повикате итна медицинска служба, а во меѓувреме да се обидете лицето кое ги има овие симптоми да го разладувате со вентилатор, влажна крпа и да му давате големо количество вода за пиење.

9. Размислувајте логично

Секое лето слушаме трагични приказни за лица кои починале како резултат на топлината. Но, понекогаш овие трагедии можат да се спречат доколку само доколку размислувате логично. На пример:

  • Никогаш не ги оставајте децата или животните во врел автомобил, ниту за минута.
  • Проверувајте ги редовно повозрасните роднини или пријатели доколку живеат во дом кој нема климатизација.
  • Постелнината на децата нека биде лесна, така што нема да предизвика потење во текот на ноќта.
  • Секогаш носете со себе шише вода, особено доколку вежбате и никогаш не вежбајте на отворено, особено кога температурите се многу високи.

10. Јавни климатизери

Кога сте излезени, веројатно би сакале да бидете на места кои имаат климатизација. Продавниците, трговските центри и владините згради нудат привремено засолниште од високите температури. Кино салите се особено добредојдени бидејќи можете да седнете и уживате во шоу на неколку часа, а цените се релативно скромни. Исто така, имате можност да седнете во библиотеките и да останете неколку часа уживајќи во добра книга или списание.

 

error: