Занимливости

Неколку совети како да внесувате повеќе вода

пиење вода

Водата му помага на вашето тело да функционира нормално. На сите органи, мускули и зглобови им е потребно вода. Исто така му помага на имунолошкиот систем да се бори со бактериите, одлична е за вашата кожа и најдобар пијалок во топлите денови. Водата може да ви помогне да изгубите килограми и е одлична превенција од создавање на бубрежни камења. Доколку немате навика да пиете вода можете да направите неколку работи за да го промените ова.

„Јадете“ вода

Повеќето луѓе околу 20% од водата која им е потребна ја добиваат секој ден преку храната. Таа полека навлегува во вашето тело заедно со хранливите материи кои ви се потребни. Храна која содржи големо количество вода се: лубеница, крставица, тиквички и домати.

Направете супа

Супата воглавно содржи вода. Можете да направите супа од риба, пилешко, говедско месо или зеленчук. Ако сте настинати пробајте домашна пилешка супа: ќе добиете повеќе H2О, и побрзо ќе оздравите.

Додајте вкус

Исцедете малку лимон за водата да ви биде полесна за пиење. Лимонот има антиоксиданси и калиум кои ќе им помогнат на вашите клетки да останат здрави, а лимонската киселина ќе ви помогне во варењето на храната и ќе го спречи создавањето на камења во бубрезите.

Внесете малку сол

Попладневно грицкање на солени ореви или пуканки, може да биде корисно да ве натера да посегнете по вода. И двете имаат протеини и влакна, а пуканките се без маснотии. Оревите исто така имаат омега-3 масни киселини и витамин Е кои се добри за срцето, но не претерувајте – тие се висококалорични.

Направете пауза за кафе или чај

Да тие содржат кофеин, но исто така и вода. Но немојте да пиете цел ден. Две чаши дневно се сосема доволно. И обидете се да го прескокнете шеќерот и кремот.

Понесете си шише со вода

Ова е едноставна работа, но навистина може да ви помогне да внесете повеќе вода, особено ако сте надвор. За да ја задржите водата студена, набавете си термос или додајте мраз во шишето со вода.

Започнете со нова навика

Пред да започнете со јадење испијте една чаша вода. Тоа е добро за вашето тело, и веројатно ќе јадете помалку. Во една студија, луѓето на диета јаделе 85 калории помалку доколку се напијат 2 чаши вода половина час пред оброкот. Во текот на 12 недели тие изгубиле 50% повеќе тежина во споредба со тие што не пиеле вода пред оброк.

Апликација

Ако ви треба потсетник за да пиете вода, симнете си апликација. На овој начин ќе имате контрола колку вода сте испиле и ќе ве советува уште колку треба да испиете.

Кога да пиете вода?

Пијте кога сте жедни – на овој начин вашето тело ви сигнализира дека му треба повеќе вода. Но исто така обрнете внимание на урината. Ако бојата на вашата урина е темно жолта, тоа е знак дека треба да пиете повеќе вода. Колку вода ви е потребно е различно за секого, во зависност од здравствената состојба, колку воздухот е сув и вашите секојдневни активности.

Би можело да ве интересира и: Еве зошто никогаш не треба да пиете вода пред спиење

 

 

error: