Занимливости

Не верувајте во сè: митови за здравјето во кои не треба да верувате!

Постојат многу совети за здравјето кои се погрешни и кои не се научно докажани.

Мит: Дневно треба да пиете по 8 чаши вода

Количеството на вода кое му е потребно на едно лице варира, а жедта е најдобар показател за тоа дали и колку ни е потребна течност. Одвреме-навреме проверувајте ја бојата на урината. Таа треба да биде бистра како вода, но доколку забележите дека бојата е темно жолта или кафеава,тоа значи дека сте дехидрирале.

Мит: Чоколадото создава бубулици

Иако е добар изговор за родителите да ги оттргнат децата од секојдневното консумирање наслатки, сепак овој мит не е точен. Истражувањата спроведени на оваа тема покажаа дека, безоглед на исхраната бубулици ќе се појавуваат ( но има и такви кои воопшто немаат бубулици ). Појавата на акни е резултат на хормони, бактерии, стрес и генетика.

Мит: По давање крв, треба да се касне нешто слатко

Кога се зема крв од вена, се вади количина која е безбедна и тоа не би требало да ви создаденикаква мачнина, ниту пак ќе доведе до тоа да падне нивото на шеќер во крвта. Она што би требало да го направите е да испиете малку вода или сок, бидејќи со тоа ќе ги надокнадите изгубените течности.

Мит: Витаминот Ц ја “убива” настинката

Дополнителната доза на витамин Ц нема да ве заштити од настинка. До тоа откритие дошле истражувачите од Универзитетот во Хелсинки, кои проучувале околку 30 истражувања спроведени во период од десет години. Нивните анализи покажуваат дека витаминот Ц не помага во спречувањето на настинката, односно не го намалува нејзиното траење или тежина. Но, откриле дека лицата изложени на високо ниво на стрес, имаат 50 проценти помали шанси да настинат, доколку секој ден земаат витамин Ц.

Мит: Јајцата го покачуваат холестеролот

За јајцата се вели дека содржат високо ниво на холестерол. Но, иако најголемиот дел од мастите се наоѓа во жолчката, со јадењето јајца нема да добиеме висок холестерол. Јајцата пред се, се богат извор на протеини. Треба да имате на ум дека кога јадете намирници богати со масти, само еден дел од црниот дроб се претвора во холестерол.

Мит: Морковот го подобрува видот

Можете да јадете и по килограм моркови дневно, но тоа нема да влијае на вашиот вид. Единствена врска на морковот со човекот е витаминот А, кој телото го создава од бета каротенот кој се наоѓа во морковот. Само екстремен недостаток на витамин А, кој не е возможно да го имате доколку се храните нормално, ќе доведе до поремеување на видот.

Мит: Седењето во близина на ТВ го уништува видот

Секако дека ќе ве болат очите доколку читате во полумрак или ако седите многу блиску до телевизорот, бидејќи вашите очи мора да се напрегнуваат многу повеќе од вообичаеното, но не постојат докази дека трајно ќе го оштетите видот. Митот за телевизорот настанал во 60-те години, кога во тоа време и било вистина, бидејќи телевизорите емитувале висока количина на радијација, но денес нивниот квалитет е многу подобар.

Мит: Антиперспирантите предизвикуваат рак на дојка

Некои научници тврдат дека материите кои се наоѓаат во антиперспирантите и дезодорансите можат да навлезат во кожата, па и до ткивата на градите, со што се зголемува можноста за добивање рак. Но, Светската здравствена организација тврди дека тоа не е точно и дека не постои начин како би можеле овие две работи да се поврзат.

error: