Занимливости

Еве зошто никогаш не треба да пиете вода пред спиење

вода пред спиење

Водата е еден од најважните елементи за нормално функционирање на човековото тело. Доколку не ја пиете редовно, постои опасност од дехидрирање, а тоа ќе се рефлектира како однадвор, така и одвнатре. Дехидрацијата прави да се чувствувате омалаксани и демотивирани, гладни и надуени.

Тоа е така, затоа што вашето тело се обидува да ја сочува секоја капка вода која ја има, а заради тоа можете да изгледате како да сте ја покачиле телесната тежина. Во текот на денот, најдобро е да пиете 2 л. или 8 чаши вода. Ова е особено важно за лицата кои сакаат да ослабат. Доволната количина на вода во организмот го забрзува метаболизмот, создава ситост и помага во одржување на нивото на енергија.

Погрешно време да ја згаснете жедта

Доколку пиете преголемо количество на вода пред спиење, може да се случи, во текот на ноќта да се будите по 2-3 пати за да одите во тоалет. Баш како и водата, добриот сон е клуч за оптимално функционирање на организмот, а со тоа и губитокот на килограми.

Лицата кои не спијат добро, се поподложни на дебелеење за разликата од лицата кои имаат непречен сон. Се смета дека оптимално време за спиење е 8-10 часа, а сѐ помалку од тоа е недоволно.

Препорачливо е да го намалите внесот на вода најмалку 3 часа пред спиење.

Дополнителен совет

Откако ќе се разбудите, веднаш започнете го денот со една чаша вода. Тоа ќе помогне вашата кожа да изгледа почиста и ќе го зголеми нивото на енергија. Доколку планирате да одите на спиење во 23:00 ч., веќе околу 20:00 ч. престанете да пиете вода и ќе имате мирен сон.

Би можело да ве интересира и: Неколку совети како да внесувате повеќе вода

error: