ЗанимливостиИсхрана

НАПРАВЕТЕ РАЗЛИКА: Еве како да препознате органски јагоди од јагоди полни со пестициди

органски јагоди

Сезоната на јагодите е веќе пристигната, а за многумина токму тие се едни од најомилените овошја. Освен домашните, органски јагоди, на пазарот има и увезени јагоди, полни со најразлични видови пестициди. Меѓу нив постојат значајни разлики. Ова е краток водич како да ги разликувате, бидејќи најчесто она што е пријатно за окото, не е пријатно и за јазикот.

Еве ги суштинските разлики помеѓу органски јагоди и увезени:

  1. Домашните јагоди имаат поинтензивен мирис, посветол изглед, и подобар вкус. Разликата е поради сортата, а вкусот е најдобар кога јагодите се берат во полна зрелост, на крајот на мај и почетокот на јуни, кога има повеќе сонце а помалку дожд.
  2. Плодовите на домашните јагоди на почетокот на бербата имаат деформација, неправилен облик, и често се напукнати бидејќи не се користат хормони за тие да добијат совршен облик.
  3. Плодовите на увезените јагоди се тврди, а во пластична амбалажа најчесто се уредно наредени.
error: