Занимливости

На која страна спиете? Положбата на телото при спиење открива повеќе за Вас…

положба на спиење

Ги гасите светлата и легнувате. На грб, на страна, или на стомак? Вашата положба на спиење може да е поврзана со болки во грбот, ‘рчење, или ако се будите често во текот на ноќта. Дури, открива и некои карактерни црти за Вас.

Спиење на стомак

Ако спиете на стомак, може да се превртувате почесто во текот на ноќта, и да не сте доволно одморени и наспани. При тоа, страда вратот и долниот дел од грбот. Затоа, ако сакате да спиете во оваа положба, користете мека и ниска перница, или воопшто не користете, за да му олесните на вратот.

Спиење на стомак: слободен пад

Околу 7% од популацијата спијат во оваа положба: легнати на стомак со рацете околу перницата и главата свртена на страна. Според некои истражувачи, оние кои спијат во оваа положба се друштвени, отворени, комуницираат со себе, но не сакаат многу критики на своја сметка.

Спиење на грб

Оваа положба предизвикува болки во долниот дел на грбот. Ако веќе патите од тоа, оваа положба може да ја влоши состојбата. Ако ‘рчите или имате слип апнеја, оваа положба исто така ќе ги влоши симптомите.

Спиење на грб: војнички

Околу 8% од популацијата спијат во оваа положба: на грб, а рацете се покрај телото и надолу. Некои истражувачи сметаат дека ова означува дека сте мирна и повлечена личност, а вашите очекувања се големи, од самите Вас, а и од другите.

Спиење на грб: морска ѕвезда

Околу 5% од популацијата спие во оваа положба: на грб, со рацете горе, блиску до главата. Според некои истражувачи, Вие сте добар слушател и не сакате да бидете во центар на внимание.

Спиење на страна

Постојат варијации на положбата на спиење на страна, но најкомфорна е онаа со колената благо повлечени кон градите – положба на фетус. Околу 40% од жените спијат во оваа позиција. Она што ова говори за Вас – е дека сте топла, пријателски настроена и сензитивна личност, но, исто така, веројатно имате оклоп околу Вас.

Спиење на страна: со рацете покрај телото

Околу 15% од луѓето спијат во оваа положба, што говори дека станува збор за социјална, лежерна и доверлива личност.

Спиење на страна: со рацете напред испружени

Околу 13% од луѓето спијат на страна, со рацете напред испружени, пред телото. Станува збор за отворена личност, но сомнителна, и тврдоглава во однос на одлуките еднаш донесени.

Спиење на страна: лажица

Ако спиете до партнерот, со телата поставени во положба како лажица, може почесто да се будите во текот на ноќта. Но, од друга страна, при овој контакт, се ослободува окситоцин, кој помага во намалување на стресот, зацврснување на врската со партнерот, и ќе Ви помогне полесно да заспиете.

На следниот линк прочитајте: Кога се чувствувате совладани од проблемите – СЕТЕТЕ СЕ НА ОВИЕ 10 РАБОТИ

М.Д.
error: