Занимливости

Миењето садови со ладна вода е опасно по вашето здравје

Покрај фактот дека топлата вода поефикасно ги чисти садовите од мрснотии, поефикасно ги убива бактериите, и садовите многу побрзо се сушат откако ќе ги измиете со топла вода, миењето садови со ладна вода им штети и на вашите раце.

Кога редовно ги миете садовите со ладна вода, вашите зглобови почнуваат да ја губат еластичноста поради истенчување на рскавицата а тоа предизвикува болки и кога раката не е изложена на ладна вода.

Изложеноста на ладна вода особено е лоша за оние кои имаат синдром на ладни раце (феноменот на Рејно), поради силната реакција на рацете кога се изложени на ниски температури.

Со долгото изложување на рацете под ладна вода доаѓа до стеснување на артериите а со тоа и намалување на циркулацијата на крвта. Тогаш прстите или целата рака станува побледа а некогаш и посинува. По таквата изложеност на ниски температури, кога ќе се загреат прстите, тие стануваат црвени и болни. Кај луѓето со синдром на ладни раце, ова може да го предизвика и емоционалниот стрес.

Доколку сакате да ја ублажите температурата, без разлика дали е топла или ладна, ви препорачуваме да си набавите гумени ракавици.

error: