Занимливости

8 главни причини за смртност во текот на летниот период

лето опасност здравје

Високите температури во текот на летниот период ја отвараат сезоната на кампување, летување, игри во вода и скара, но доколку не се внимава, истите можат да бидат потенцијална опасност за луѓето.

Во прилог ви прикажуваме 8 потенцијални летни опасности за кои треба да се советувате и да внимавате, како би имале среќно и убаво лето……

1.Ненадејно давење 

Ненадејното давење е потенцијална опасност за секој турист, без оглед на тоа дали станува збор за река, езеро или базен. Давењето може да се спречи со носење на спасувачки елеци ( особено доколку сте на чамец ) и секогапш носете со себе алатки за пливање ( душеци, мускули, весла ), а доколку не сте сигурни во способностите за пливање, секогаш обавувајте ја оваа активност во друштво.

2.Труење со храна

Летото е сезона кога се готви на отворено и  околу 48 милиони лица се подложени на опасност од труење со храна, а околу 128 илјади лица годишно се хоспитализираат токму од таа причина. Совет: Гответе и правете скара, така што претходно ќе ја стерилизирате површината и не оставајте ја храната на сонце, бидејќи на тој начин бројот на бактериите тенденциозно се зголемува.

3. Изгореници од сонце

Ултравиолетовите зраци се многу моќни и можат да предизвикаат оштетување на кожата и рак-без оглед на типот на кожа. Совет: Секогаш користете 30+ фактор за заштита од сонце, носете шапка и темни очила и избегнувајте долго седење на сонце.

4. Контаминирани јавни површини за пливање

Најдобрата опција за разладување се јавните површини за пливање (плажите, базените), но овие површини најчесто се голем извор на бактерии кои можат да живеат со денови и да предизвикаат кожни проблеми, инфекција на очите и ушите. Совет: Редовно туширајте се по разладувањето во јавните плажи или базени.

5. Топлотен удар

Топлината е вистински убиец- таа предизвикува смртност кај над 700 илјади лица годишно. Совет: Доколку почувствувате грчеви, исцрпеност и осипш- направете пауза, седнете под сенка и хидрирајте се.

6. Огномет

Според Комисијата за безбедност на потрошувачите, околу 200 лица годишно завршуваат во итна медицинска служба како резултат на огномети. Совет:  Присуствувајте на огномети, но секогаш стојте настрана за да спречите повреда на рацете, очите, лицето и прстите.

7. Молњи

Иако шансата да биде погодени од молња е минимална, сепак, доколку продолжите да работите, играте или пливате на вакво време, се изложувате на ризик да бидете погодени од молња. Совет: Доколку започнат грмотевици, веднаш напуштете го отворениот простор во кој се наоѓате.

8. Скара

Според извештаите на Националната противпожарна ацосијација во САД, во текот на летниот период се регистрирани пожари на отворено кои резултирале со смртност на над 10 лица, а кај 140 лица биле констатирани повреди и е пресметана материјална штета над 100 милиони долари. Совет: Кога правите скара, најдобро би било таа да не е поставена во близина на куќата, секогаш да е под надзор на возрасно лице и да биде далеку од дофат на децата и милениците.

 

error: