Занимливости

Колку години му требаат на срцето да заздрави по откажувањето од цигари?

Според едно ново истражување, пушачите треба да почекаат дури 15 години откако ќе ја откажат таа навика за да им се намали ризикот од кардиоваскуларни болести и мозочен удар.

Претходните истражување покажале дека ризикот се намалува во рок од 5 години, но новите истражувања велат дека е потребно 3 пати повеќе време.

По анализирање на податоците од 8.700 луѓе во текот на 50 години, истражувачите откриле дека на бившите пушачи им е потребно повеќе од 10 години за да се исчисти никотинот и останатите хемикалии од тутунот од нивното тело.

„Срцето и крвните садови најбрзо се опоравуваат од штетните дејства предизвикани од пушењето“ вели Мередит Данкан, авторот на истражувањето.

Белите дробови се сосема друга приказна.

Кардиоваскуларните болести се најчестата причина за смрт во повеќето земји од светот. Се поголем е бројот на заболени, а бројот на достапни срца за трансплантација останува ист.

За среќа, една од најголемите причини за кардиоваскуларни болести, пушењето, веќе не е толку “модерно“, посебно откако се почнати кампањите за тоа колку цигарите всушност му штетат на здравјето.

„По објавувањето на информациите за штетните ефекти од пушењето, постојано се намалува бројот на пушачи, но информациите за тоа што се случува во телото по престанувањето со пушење сеуште не се знаат целосно“ додава Данкан.

Би можело да ве интересира и: Неколку корисни совети како полесно да се откажете од цигарите

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: