Занимливости

Кои видови на храна ги избегнуваат забарите?

Многу намирници се опасни за здравјето на забите и непцата. Некои сосем вообичаени храни и пијалоци се на забарската “забранета листа“. Еве што не треба да јадете за да го одржите здравјето на вашите заби:

Пуканки

„Многу луѓе доаѓаат кај мене во ординација со скршени заби поради полуиспукани зрна пченка“ – вели доктор Џонатан Ниман, забар од Њујорк. “Опасни моожат да бидат и лушпите од пченката кои се заглавуваат помеѓу забите и непцата, и го повредуваат чувствителното ткиво“

Сушено овошје

Вкусно е, добар избор на диететски влакна, но и катастрофално за забите. „Не само што е полно со концентриран шеќер, туку е и многу лепливо, така што секогаш кога јадете суво овошје тоа се лепи за нерамните површини на забите и предизвикува кариес“, додава доктор Ниман.

Кафе со додатоци

Не само што кафето со шлаг, крем или чоколадо се калориски бомби, туку се и полни со шеќер кој штети на здравјето на забите. „Ако постојано пиете вакви кафиња, посебно ако ги пиете повеќе пати во денот, непрекинато сте изложени на млеко и шеќер, па на организмот му е тешко да лачи доволно плунка за да се избори со млечната киселина“ вели доктор Џонатан. “Плунката е еден од најважните штитници на нашите заби, а ако во текот на еден саат вашата усна шуплина трпи напади од шечер, плунковата жлезда не може да го издржи тоа темпо“ додава тој.

Семки

Неотворени семки од било која врста, кои мора да ги отворите со заби пред да ги јадете, ја оштетуваат глеќта на забите, предупредува доктор Ниман.

Топла вода со лимон

Ако наместо утринско кафе пиете топла вода со лимон, веројатно би требало да престанете со цел да го зачувате здравјето на вашите заби. „Лимонската киселина ја оштетува глеќта на забите. Често изложување на забите на кисели напитоци доведува до трајно оштетување на глеќта“.

Мраз

Ако имате навика да го грицкате мразот од пијалоците, веднаш престанете. Мразот е претврд за да може да се јаде. Може да дојде до ситни фрактури на забите, а ако имате генерално слаби заби, може да дојде и до тоа да ви испадне заб.

Овошје од конзерва

„Иако звучи како нешто здраво, тоа е далеку од тоа. Овошјето од конзерва е прелиено со сируп и има високо ниво на шеќер, што значи дека е скоро исто како бомбоните“

error: