Занимливости

Кои намирници не припаѓаат во фрижидер?

Повеќето луѓе мислат дека сите намирници треба да стојат во фрижидер, но тоа не е точно. Голем број од намирниците може да стојат во фрижидер, но некои од нив е подобро да стојат на собна температура. Тоа се следниве:

Лубеница

Повеќе научници тврдат дека нивото на актиоксиданти во лубеницата останува повисоко доколку таа не стои во фрижидер.

Босилек

Иако многумина мислат дека местото му е во фрижидер, тој на ладно ја губи аромата и ги впива другите миризби од фрижидерот

Компир

Компирите е најдобро да стојат на суво и темно место. Ова правило не важи за веќе зготвени компири.

Лук

Лукот треба да стои на собна температура и на суво место, исто како и кромидот.

Јајца

Многумина мислат дека јајцата ќе траат подолго ако се во фрижидер, но тоа не е точно. Нивното траење е исто. Сепак, температурата влијае на нивниот вкус, кој е побогат на собна температура.

Кафе

Аромата на кафе се менува веднаш по мелењето, и почнува да се губи. Таа исто така се губи и доколку стои во фрижидер, или пак ако кафето е оставено отворено.

Домат

Кога тие се во фрижидерот, нивниот вкус се менува, па затоа е најдобро да ги чувате на кујнските полици.

error: