Занимливости

Кога треба да почнете да користите крема за сончање, и колку често треба да се нанесува?

крема за сончање

Летото е пред нас, и секој ден станува се потопол и потопол. Почнува и сезоната на одмори, каде што многу често се сончаме. Но, кога се споменува сончањето, мора да се напомене и заштитата од сонцето.

На која температура би требало да почнете да користите крема за сончање?

На ова прашање не постои точен одговор, бидејќи кремата за сончање не е поврзана со одреден број на степени, туку со други фактори. Кремата треба да почне да се користи уште од почетокот на пролетта, бидејќи иако температурите тогаш не се многу високи, зрачењето од сонцето се пробива низ облаците и знае да биде доста опасно.

Кога размислувате за крема за сончање, треба да обратите внимание и на тоа дали истата крема штити од УВА и УВБ зрачења.

Како температурата се зголемува, така би требало да го зголемувате и заштитниот фактор. На пример, на пролет може да користите послаб фактор, а за летување на плажа да ги користите оние посилните. Доколку сте на плажа во периодот од 10 до 17 часот, кремата треба да ја нанесувате на секои 2 часа, но и после секое капење.

Дерматолозите велат дека минимален SPF кој треба да го користите е 30, додека за лицата со посвлета кожа се препорачува СПФ 50. Кремите за сончање нанесете ги околу половина час пред изложување на сонце.

Што е тоа SPF?

Сончевото зрачење се јавува во облик на УВА и УВБ зраци. УВБ зраците предизвикуваат изгореници, а истражувањата покажуваат дека изгорениците можат да доведат до некои облици на рак на кожа. Sun protection factor (SPF) означува колку долго можете да останете на сонце без опасност од изгореници. На пример, ако без заштита се потребни 10 минути за да се појават изгореници, SPF 30 теоретски ќе ви овозможи да останете на сонце 300 минути без опасност од изгореници.

Која е главна состојка во кремите за сончање и како делува?

Титаниум диоксид или титаниум (IV) оксид е природен оксид на титаниум чија формула е TiO2. Тој има висок индекс на прекршување на светлината, кој му ги дава одличните оптички и рефлективни својства. Во козметиката и производите за нега на кожа, титаниум диоксидот се користи како пигмент, но и како средство за згуснување. Исто така, се користи и како пигмент за правење боја за тетоважи. Годишно во светот се произведуваат и потрошуваат 4 милиони тони титаниум диоксид.

Тој е најпознат поради својата отпорност на ултравиолетово зрачење, и ги апсорбира УВ зраците претварајќи ги во топлина. Токму поради тие особини, титаниум диоксидот се користи во најголемиот број креми за сончање.

Што ако се претера со сончање?

  1. Истуширајте се со ладна вода
  2. Нанесете ладни облоги
  3. Нанесете немасен лосион за хидратација на кожата
  4. За посериозни изгореници, веднаш посетете лекар.

 

 

Н.Н.

error: