Занимливости

Како влијае прекумерното користење технологија на нашата кожа

Технологијата е распространета во сите сегменти од нашиот живот и иако често ни го олеснува секојдневието, сепак има негативно влијание врз нашето здравје, социјализацијата и слободното време, а негативно влијае и на нашата кожа.

Сината светлина од дисплејот на телефонот или компјутерот, позната е како високоенергетска видлива светлина, која докажано лошо влијае на пигментацијата на кожата и може да предизвика создавање на пеги, слични на оние кои настануваат како резултат на преголема изложеност на сончева светлина.
Сината светлина го поттикнува растот на меланинот во ќелиите на кожата и на тој начин го забрзува стареењето.

Со оглед на начинот на живот, невозможно е технологијата да ја исклучиме целосно од нашите животи, но можеме барем малку да се заштитиме од нејзините негативни влијанија.

Кожата најдобро ќе ја заштитиме доколку секојдневно ја мачкаме со креми со заштитен фактор и го зголемиме внесот на витамин Ц во организмот.
Покрај тоа, обидете се да го минимизирате времето поминато пред компјутер или на телефон и излезете на чист воздух, уживајте во убавината на денот и пријателите!

error: