Занимливости

Каде сѐ може да ја искористите пепелта од огревните дрва?

Знаевте ли дека пепелта од огревните дрва е многу корисна и може да се употреби на повеќе начини? Ако се греете на дрва, нареден пат наместо да ја фрлите, зачувајте ја пепелта за потоа да ја искористите на некој од следниве начини.

Пепелта од дрво е многу корисна за почвата. Земјоделците многу често ја користат како додаток за да ја зголемат нејзината киселост. Особено добро им влијае на растенијата на кои им треба калциум како што се доматите, спанаќот, белиот кромид и ружите. Кога ќе сеете некое од овие растенија, во земјата додајте и четврт шолја пепел од дрво.

Кога ќе ја помешате пепелта со вода и ќе ја исцедите по неколку дена, добивате одлично “средство” за чистење на облеката, подот, сребро, рѓа на мермерни површини. Со погуста смеса како паста, можетее да ги исчистите и дамките од мебелот.

Пепелта помага во отстранувањето на лошите мириси во станот, но исто така и во фрижидерот, со тоа што ја впива миризбата.

Штетниците како полжавите и повеќето инсекти, не поднесуваат пепел, па многу лесно можете да се решите од нив со овој “отпад”. Истото важи и за мравките, посипете пепел врз мравијалникот и тие нема повеќе да се појават. Корисна е и за иситерување на бубашвабите и глувците, во поддрумот или во собите каде што имате проблем со вакви штетници, посипете пепел на повеќе кошеви и краеви.

Пепелта од огревните дрва може да стои долго време, слободно можете да ја складирате во кофичка или сад додека не ви притреба.

error: