Занимливости

ИСТРАЖУВАЊЕ: Зошто толку сакаме кафе, иако има горчлив вкус?

Ако сте љубител на кафе, знаете дека пиењето кафе е посебно искуство – од богатата арома, топлината, и уживањето во ритуалот на седнување со топла шолја свежо кафе. Но, ако се фокусирате на вкусот на кафето на вашиот јазик, неизбежен е фактот дека е многу горчлив, а горчливиот вкус најчесто не е пријатен.

Според едно ново истражување, љубителите на кафе не се помалку осетливи на горчливиот вкус; токму напротив, тие се повеќе осетливи, што укажува на интересен психолошки феномен позади уживањето во кафе.

Истражувачите сакале да утврдат колку осетливоста на горчливо влијаела на тоа колку луѓето пијат кафе. Затоа, опфатиле податоци од 400.000 луѓе, и се фокусирале на три различни горчливи вкусови: кофеин, кинин (тоа што го дава горчливиот вкус на тоникот), и пропилтиоурацил. Тие податоци ги споредиле со информациите колку тие луѓе пијат кафе.

Луѓето со висока сензитивност на кинин и пропилтиоурацил пиеле помалку кафе во просек. Но, неочекувано, луѓето со висока осетливост на кофеин, пиеле повеќе кафе. Разликата не била голема, но поради големиот број на луѓе, истражувачите велат дека врската е легитимна.

Истражувачите велат дека одбивноста од горчлива храна е одбранбен механизам на човековото тело што го спречува да внесе отруена храна. Токму затоа, сугерираат дека тука станува збор за психолошки феномен.

Луѓето ја учат поврзаноста помеѓу 2 стимули – горчливоста на кафето, и енергијата од кофеинот. По неколку пати искусување на оваа врска, човечкиот мозок учи дека горчливоста значи енергија, и бараат повеќе.

Горчливоста на кафето е додатно ослабната поради неговиот мирис, а мирисот силно влијае на перцепцијата на вкус.

Би можело да ве интересира и: Дејството на кафето – позитивни и негативни страни

Н.Н.

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: