Занимливости

Една шолја кафе + една кригла пиво = 90 години живот?

Според најновата студија на Калифорнискиот универзитет Ирвин, консумирањето на умерена количина алкохол и кафе се поврзува со долгиот живот.

Во 2003 година, направено е истражување врз над 1.700 испитаници со старосна граница од 90-99 години, со тенденција да се открие причината за нивната долговечност.

Констатирано е дека луѓето кои пиеле умерена количина на алкохол или кафе, живееле многу подолго од оние кои не ги консумирале овие пијалоци. Исто така, лицата кои во своите 70-ти години имале прекумерна тежина, имале подолг живот во однос на луѓето кои имале нормална телесна тежина или биле  многу слаби.

Испитаниците кои секој ден пиеле по две чаши пиво или вино, значително го смалиле ризикот од прерана смрт и тоа дури за 18 %, додека испитаниците кои пиеле по 2 шолји кафе на ден, ризикот го смалиле за 10%.

Алкохолот и кафето не се здрави, но се потребни за здрав живот. Физичките вежби се секогаш добредојдени, впрочем,  тие се и неопходни во битката за здрав живот. Се смета дека редовната физичка активност и работата на одредено хоби, го продолжуваат животниот век.

Имајќи го предвид горенаведеното, доколку се случи некој од вашите роднини или пријатели да ви приговори  дека често одите во кафуле, само кажете им дека сакате да живеете долг и среќен живот.

error: