Занимливости

Домашните растенија можат да бидат опасни за здравјето

Домашните растенија можат да бидат опасни по здравјето на луѓето, според најновото истражување на Доктор Муси Хабтисиласи од универзитетот во Џорџија.

Растенијата освен што внесуваат свежина и убавина во домот, внесуваат и многу други работи со нив.

Кога купувате цвет и го внесувате во домот, внесувате разни работи со него. Шармантниот фикус е типичен пример за одгледувачница на бактерии, габи, и други микроорганизми. Кога црвсто растение како фикусот добива потребно количество сончева светлина и вода, габите се тие што му помагаат на коренот да го искористи максималното количество на хранливи материи од почвата.

Но, доколку растението се напои повеќе од потребното, или се чува на темно и влажно место, габите се развиваат бавно, и предизвикуваат алергиски реакции и можат да бидат фатални за луѓето кои патат од астма. Растенијата исто така можат да бидат и преносител на бактерии, иако тоа е редок случај.

Освен тоа, кога растението претрпува стресна ситуација, без разлика дали тоа е премалку или премногу наводнување, изложеност на превисоки или прениски температури, или пак напад на инсекти и бактерии, тоа испушта штетни хемикалии кои се многу опасни по здравјето на човекот.

error: