Занимливости

ДОБРО ЗА МЕНТАЛНОТО, ЛОШО ЗА ФИЗИЧКОТО ЗДРАВЈЕ: Местењето кревет наутро е голема грешка

Бројните истражувања покажуваат дека местењето на креветот веднаш по будењето е извонреден знак за менталното здравје и тука, ништо не е спорно. Но проблем постои кога станува збор за физичкото здравје.

Имено, со тоа што креветот ќе го оставите ненаместен, му правите огромна услуга на вашето тело.

Доколку не ја наместите прекривката, грините, главни причинители на алергија и астма, нема да имаат во што да се размножуваат. Тие,кога се изложени на пониска температура и свеж воздух – умираат, а тоа е главната причина зошто нашите баби и мајки ја проветрувале постелнината.

Затоа, доколку наутро брзате на работа и немате време да го отворите прозорецот, едноставно оставете го креветот разместен, како би спречиле размножување на бактериите.

error: