Занимливости

Дејството на кафето – позитивни и негативни страни

Кафето се поврзува со многу здравствени бенефити.

Сепак, според една студија се смета дека секојдневната навика на консумирање кафе, може да влијае на метаболизмот на телото повеќе отколку што мислите.

Според ова истражување, кај 47 испитаници е утврдено дека со прекумерното консумирање на кафе (4-8 шолји дневно) се намалило нивото на крвта кај повеќе од 100 метаболити. Тоа се однесува на широкиот спектар на хемикалии, кои се менуваат по јадењето или пиењето.

Многу од ефектите се очекувани, но дел од нив се изненадувачки – велат експертите.

На пример, кафето го намалува нивото на одредени метаболити поврзани со ендоканабиноидниот систем (истиот систем погоден од марихуаната). Ова редуцирање, е спротивно на она што се случува кога земате трева.

Што значи сето тоа?

Сеуште не е познато. Но, многу истражувања покажаа дека лицата кои пијат кафе имаат помал ризик од здравствени заболувања, отколку лицата кои не консумираат кафе.

Можните придобивки вклучуваат помали ризици за Паркинсонова болест, дијабетес, мултиплекс склероза и одредени видови на рак.

Покрај овие ефекти, тимот на научници забележале и досега непознати ефекти. Покрај ендоканабиноидните промени, имало и промени во одредени метаболити поврзани со стероидниот систем и метаболизмот на масни киселини. Стероидниот систем вклучува холестерол и хормони како што се тестостеронот и естрогенот.

Ендоканабиноидниот систем помага во регулирањето на голем број на телесни функции како што се: крвниот притисок, спиењето, апетитот и согорувањето на калории. Кафето е поврзано со подобра контрола на тежината, и можно е да има дејство врз ендоканабиноидите.

Колку кофеин е доволно?

Во упатствата за исхрана се вели дека, возрасните можат да консумираат кофеин до 400 мл. дневно, но не треба да се комбинира со млеко и шеќер.

Исто така, треба да се размисли за влијанието на кофеинот врз нивото на анксиозност и проблеми со спиењето. Доколку пиете кафе во доцните часови, многу лесно ќе го нарушите сонот.

 

error: