ЗанимливостиИнтимно Здравје

Дали спиењето во градник е лошо за вашите гради?

A beautiful young woman sleeping peacefully

Дали спиењето во градник ќе ви помогне вашите гради да останат затегнати? Мерлин Монро го подржувала спиењето во градник, но што велат експертите?

Доктор Сет Ренкин вели дека спиењето во градник всушност може да биде лошо по вашето здравје.

Тој не само што вели дека носењето градник додека спиете не влијае на квалитетот на изгледот на вашите гради, туку и негативно влијае на работата на лимфните жлезди.

„Кога лежите, гравитацијата го турка ткивото на дојката назад према градите наместо надолу. Носењето градник во кревет е тотално непотребно, бидејќи градите природно го заземаат местото под брадата“ – вели докторот за Космполитен.

Со обзир на тоа дека нема никакво влијание врз градите, градникот сигурно не е штетен?

Погрешно. Доктор Ренкин вели дека носењето градник може да е штетно по лимфните жлезди.

„Тесен и цврст градник, како што се пуш-ап моделите, може да влијаат на протокот на лимфа низ лимфните садови, и да ги спречи виталните функции, и со тоа да задржи токсични продукти во телото„ додава тој.

И други експерти го потврдуваат истото. Професор Моквел во интервју за Mail ги предупредува жените за носењето градници.

„Носењето градници за време на спиење влијае на протокот на крв, и во најлош случај, може да доведе до хронично воспаление, задржување на течности, и до лошо чувство на неудобност.

 

Н.Н.

error: