ЗанимливостиМентално Здравје

Дали кажувањето на пцовки е добра или лоша навика?

Веројатно не постои, или  е реткост, да некој никогаш во животот не кажал пцовка . Пцовките се дел од секоја култура, од секоја нација, или во примитивните култури, таканаречени клетви.

Иако пцуењето е непристојно и вознемирувачко по околината, пцуењето може да има терапевтски ефект. А докажано е дека може да се манифестира и како резултат на некои здравствени состојби.

На пример, кажувањето пцовки може да почне после трауматска повреда на мозокот и депресија кај постарите лица. Исто така, асоцирано е и со деменција и енцефалит, а се покажало и дека е еден од симптомите на Tourette синдром.

Од овие причини, многу психолози правеле истражувања на поврзаноста на пцуењето и потенцијалниот психолошки ефект. На пример, студија од 2009 година покажала дека пцуењето им помогнало на учесниците да го зголемат прагот на толеранција на болка. Друга студија од 2011 година, покажала поврзаност на пцуењето со зголемена способност на толеранција на студ.

Пцуењето Ве прави посилни

Во истражувањата кои се спроведуваат за ефектот на пцуењето, од особен интерес е ефектот што го има врз силата, за време на некој физички напор.

Во експеримент спроведен од страна на др. Ричард Стивенс, постар предавач по психологија на Keele, опфатени се две фази на испитување. Во првата, вклучени се 29 испитаници (во просек по 21 година), кои биле подложени на краток, но интензивен физички напор на возење на велосипед. При тоа, секој од нив поминал низ два теста. При првиот, требале да кажуваат пцовки гласно, а другиот, да повторуваат некој нормален збор, фраза.

Втората фаза на испитувањето, опфаќало 52 испитаници (просек по 19 години) кои биле подложени на изометриски тест на раката. Секој испитаник го направил тестот по три пати, со повторување на пцовки, и три пати со повторување на нормален збор, фраза.

Заклучокот е дека при пцуењето се добива поголема сила при изведување на анаеробниот тест и имале посилен зафат.

Особено, при вежбата со возење велосипед, моќноста постигнала пик од 24 вати, без зголемување на изложеноста на напорот. Во тестот со испитување на раката, при пцуењето се зголемила силата на буткањето во просек 2,1 кг.

Како може пцуењето да има влијание на зголемување на силата?

Резултатите од оваа иновативна студија биле неодамна презентирани на годишната конференција на Здружението на Британски психолози, во Брајтон, Велика Британија.

Заклучокот дека при пцуењето се зголемува силата се објаснува со теоријата дека при пцуење се стимулира симпатичкиот нервен систем, под чија контрола е и работата на срцето, односно кога организмот е во опасност, срцето почнува да пумпа повеќе крв.

Но, и тука има контрадикторност. Ако е во прашање симпатичкиот нервен систем, во тој случај, покрај зголемената сила при кажувањето на пцовки, треба да се манифестираат и промени во фреквенцијата на  работата на срцето, промени во крвниот притисок. Но, промени во овие параметри не биле забележани кај испитаниците.

И понатаму останува отворено прашањето како пцуењето може да има ефект на зголемување на силата и зголемување на толеранцијата на болка.

 

На следниот линк проверете: КВИЗ: Која енергија доминира во Вашето тело?

 

 

 

М.Д.

 

 

error: