Занимливости

Дали е здраво да мокрите под туш?

За многумина е доста комплицирано кога веќе еднаш ќе влезат под туш, да излезат, да се исушат, и да отидат до ВЦ школката, па затоа си го поставуваат прашањето – дали да мократ во када или не, и што се случува кога го прават тоа.

Доколку и Вие спаѓате во таа група, нема причина да се чувствувате лошо. Всушност, според бројни анкети, скоро 80% од луѓето признале дека мократ во кадата.

Меѓутоа, колку е ова безбедно и хигиенско во споредба со мокрењето во ВЦ школката?

Студентите од Универзитетот во Источна Англија откриле дека мокрењето во када е потполно нормално, а и добро за нашата средина. Како дел од нивниот експеримент, истражувачите ги охрабрувале сите студенти да го прават тоа и дошле до заклучок дека кога сите студенти од унверзитетот, околу 15.000, би мокреле во када, би заштедиле доволно вода да наполнат 26 олимписки базени.

Ако се земе предвид податокот дека ВЦ школката троши скоро една четвртина од целата вода во домот, на овој начин би заштедиле и доста пари. Но, тоа не е единствениот аргумент. Докторите тврдат дека урината не е штетна и е стерилна, па дури и може да помогне доколку личноста има проблем со атлетско стопало.

Во случај да се грижите дека урината ќе ги оштети водоводните цевки, нема потреба од такво нешто. Водоводните цевки на ВЦ школката и одводот на кадата се поврзани.

И можеби и најдобрата работа со мокрењето во када, поготово ако сте машко, е тоа што урината нема да лета насекаде по бањата.

 

 

Н.Н.

error: