Занимливости

Чкртаниците откриваат каква личност сте

ПСИХОЛОЗИТЕ тврдат дека навидум безначајните шкртаници всушност имаат скриени значења и можат да откријат некои занимливости  за личноста.Речиси секој човек додека работи и седи чкртка пред себе.

Ако цртате…

Ѕвезди

  • Значи дека сакате да бидете во центарот на вниманието и особено ви значи да ве забележуваат.

Цвеќе, сонце, облаци

  • Укажуваат дека сте оптимисти, личности со ведар карактер и задоволни со својот живот

Крстови

  •  Најчесто откриваат личности кои имаат вина кон некој близок или проблем за кој се сметаат одговорни.

Мали куќички и кутии

  • Цртањето симетрични форми е знак дека сакаате ред, детално планирање и калкулирање.

Форма на шаховска табла

  • Или сте заглавена во некое за вас непријатно опкружување или криете некои лични проблеми со кои не можете да се соочите.

Стрелки

  • Насоката во која ги цртате стрелките  укажува во која насока се движи вашиот живот, ако се свртени нагоре значи дека сте концентрирани на луѓето околу вас, а ако се надолу тоа значи дека сте свртени кон себе. Налево стрелка значи дека често се вртите кон минатото а надесно дека размислувате за иднината.

Човечки фигури

  • Упатува на чувство на беспомошност или желба да избегате од некои одговорности.

Квадрати и други четириаголници

  • Откриваат упорна и доследна личност со цврсти уверувања и цели.

Кругови и други тркалезни предмети

  • Можно е да се чувствувате осамено или не добивате доволно внимание од личноста која ја посакувате.

Животни

  • Цртеж на тигар или волк покажува чувство на агресија, зајак или верверичка желба за внимание, додека лав зборува за самосвесна личност.

Во која група спаѓате и вие, проверете веднаш.

 

 

Д.К.

error: