ЗанимливостиИсхрана

„7 дена секое утро пиев сок од пченична трева, и еве што се случи со моето тело“

Пченичната трева, која многумина ја сметаат за суперхрана, се прави од свежо из’ртените лисја на пченицата.

Аманда Меккој од магазинот PopSugar пиела сок од пченична трева веќе долго време, но никогаш редовно. Најчесто тоа го правела кога се чувствувала омалаксана и без енергија, а не секојдневно како што тоа се препорачува. Главната причина за тоа, таа вели дека е вкусот кој што не можела да го поднесе.

„Со месеци читав како овој сок е чудо во чаша, и дека една мала чашка заменува 1 килограм зеленчук, па се решив седум дена секое утро да пијам по една мала чашка. Го пиев само свеж, и на празен стомак за да избегнам мачнина, како што ми беше препорачано“ вели Аманда.

Што се случи?

Подобрување на дигестијата: Од секогаш сум им завидувала на луѓето со брз метаболизам и што секогаш точно знаат кога е време за тоалет, вели Аманда. Но, само по 2 дена пиење од овој сок, веќе немав дигестивни проблеми. Не бев подуена (дури и по јадење солена храна), и одев во тоалет редовно.

Одвикнување од кофеин: Аманда вели дека секојдневно пиела по 2 до 3 кафиња, а највеќе уживала во првото утринско. Неделата кога пиела сок од пченична трева, таа пиела се помалку кафе. Веќе седмиот ден наместо кафе наутро, пиела зелен чај заедно со сокот од пченична трева.

Поздрави непца: Ова не го очекував. Непцата ми станаа поголеми и поздрави, вели таа.

„Иако уживав во здравствените бенефити, сеуште не можев да се навикнам на вкусот. Иако има некои бредови кои го разредуваат со лимон или ѓумбир, кога го пиете свеж тој е многу горчлив“

Дали ќе продолжам?

„Секако! Ако веќе по една недела се чувствувам одлично, можам само да замислам како ќе биде за 6 месеци од сега. Можеби нема да издржам секојдневно да пијам, но сигурно ќе пијам 3 до 4 пати неделно. Најдобриот дел е тоа што енергијата наместо од кафе ја добивам од многу поздрав извор. Иако не може да замени здрава исхрана, среќна сум што ќе внесувам доволна доза витамини, минерали и антиоксиданти во само една мала чашка“ – завршува Аманда.

Би можело да ве интересира и: Што се случува во вашето тело кога не јадете доволно овошје и зеленчук?

Н.Н.

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: