ЗанимливостиНега и Убавина

5 примени на обичниот дезодоранс во секојдневието

Составен дел од нашата хигиена и средство без кое не можеме да функционираме е секако, дезодорансот. Освен под пазувите, дезодорансот можете да го користите и за други цели и тоа:

• На нозете – доколку имате проблем со непријатен мирис и прекумерно потење на стапалата, не воздржувајте се и испрскајте ги со дезодоранс. Секако, треба да имате еден дезодоранс кој ќе го користите исклучиво за стапала и тоа само пред да излезете од дома.

• Помеѓу бедрата – ставете дезодоранс помеѓу бутовите и спречете го триењето и иритацијата на кожата, особено за време на летниот период. Истото можете да го примените и помеѓу градите.

• На рацете – за да избегнете лепливи и испотени раце на нив нанесете дезодоранс во форма на стик. Ова е одличен трик доколку одите на некој настан каде присуствува и вашата симпатија, а вие секако не сакате да имате испотени раце.

• По убод од комарец – благодарејќи на состојките со смирувачко дејство, дезодорансот може да ја ублажи состојбата на кожата по убодот од комарец. Сетете се на ова следниот пат кога ќе ве касне комарец и кога панично ќе почнете да се чешате.

• За бубулици – слично е и со бубулиците кои избиваат преку ноќ. Нанесете дезодоранс (во стик) на бубулицата, оставете 10-тина минути да се исуши, а потоа прекријте ја со коректор.

error: