ЗанимливостиФизичко Здравје

5 можни причини зошто сте секогаш жедни

Нормално е да чувствувате жед во топлите летни денови, или кога вежбате и сте физички активни. Но, ако постојано имате потреба да ја надополнувате чашата со вода, можеби телото ви дава знак за некој здравствен проблем. Кои се можните причини?

Дехидратација

Дехидратација значи дека на организмот му недостасува вода за извршување на нормалните физиолошки процеси, а жедта е главниот симптом. Може да настане од повеќе причини: вежбање, дијареа, повраќање, или прекумерно потење.

Други симптоми на дехидратацијата се:

  • потемно обоена урина
  • ретка потреба за мокрење
  • сува уста
  • сува кожа
  • чувство на умор
  • главоболка

Кај децата, при дехидратација може да се забележат и следните симптоми:

  • кога плачат немаат солзи, или пак имаат многу малку
  • сува, леплива уста
  • поретко одат во тоалет или имаат помалку влажни пелени
  • раздразливи се и омалаксани

Дијабет

Еден од симптомите за дијабет е чувството на постојана жед, која не може да се угаси, што се нарекува полидипсија. При дијабетот, поради недоволното создавање на инсулинот или негово неправилно искористување во организмот, се ослободува голема количина на гликоза, која пак во урината повлекува повеќе вода, почести се мокрењата, што на телото постојано му алармира дека треба да ги надомести течностите кои ги губи.

Другите симптоми на дијабет се:

  • заматен вид
  • умор
  • глад
  • ранички и модринки кои споро заздравуваат

Diabetes Insipidus

Состојба при која се создава прекумерна количина на урина – се елиминира водата од организмот, поради недостаток на хормон кој им помага на бубрезите да ја контролираат количината на водата. И покрај името, оваа состојба не се поврзува со дијабетот. Прекумерната жед е еден од главните симпотоми, а покрај тоа, други симптоми се:

  • дехидратација
  • постојана потреба за често мокрење

Сува уста

Кога имате сува уста, нормално е да чувствувате повеќе жед. Ова се случува кога жлездите во устата продуцираат помалку плунка, а тоа пак може да настане поради земање на некои лекови, антиканцерогена терапија, оштетување на нерви во главата или вратот, или пушење.

Ако жлездите во устата не создаваат доволно плунка, други симптоми се:

  • непријатен здив
  • промени во вкусот
  • иритирани непца
  • карминот од усните лесно се задржува на забите
  • густа, леплива плунка
  • потешкотии со џвакањето

Анемија

При слаба анемија не се чувствува прекумерна жед, но, ако состојбата се влошува, жеддта станува алармантен симптом. Други симптоми се:

  • вртоглавици
  • чувство на умор и слабост
  • бледа или жолтеникава боја на тенот
  • забрзан пулс
  • потење

На следниот линк дознајте повеќе за: Препознајте ги раните симптоми на пред-дијабетес

М.Д.

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: