Занимливости

4 работи кои никако не смеете да ги чистите со правосмукалка

Кога чистите со правосмукалка, бришете сè пред себе. Постојат работи кои никако не смеете да ги вшмукувате, бидејќи можат да го загрозат вашиот живот.

Некогаш е попаметно да користите метла или крпа, а особено кога е во прашање мала количина на нечистотија.

Талог од кафе и влажна земја

Доколку ви испадне малку кафе од кафематот или истурите талог од кафе, никако не го вшмукувајте.
Тоа важи и за влажната земја, доколку посилно ја турнете подната саксија.
Влажните нечистотии можат да се залепат за некој дел од моторот на правосмукалката и така можете да ја оштетите или уништите.

Свежи намирници

Можете да вшмукате малку сол и шеќер, но доколку на подот имате парчиња од свежа салата или парче компир, не правете го тоа.
Парчињата можат да се заглават, да изгнијат во цревото од правосмукалката и да го затнат.

Пилевина

Кога станува збор за чистење на пилевина, подобро е да користите метла.
Ситните остатоци од дрва, пилевина или стиропор можат да го оштетат моторот или да се вратат во воздухот.

Течност

Вшмукувањето на течност е најопасно.
При вшмукување на течност, може да дојде до струен удар и да се уништи правосмукалката, но и да ве “здрма” струја.

error: