ЗанимливостиФизичко Здравје

10 можни несакани последици предизвикани од неспиење

Недостатокот на сон, во континуитет, и хроничното неспиење, може да доведат до повеќе несакани последици врз нашиот организам,  кои се одразуваат пред се, како лошо расположение, недостаток на концентрација, недостаток на енергија, пад на имуниот систем, намалување на либидото…

1. Недостаток на концентрација

Дури и една вечер без сон, може да доведе до поголеми проблеми со когнитивните способности. Во студија во која биле вклучени 18 испитаници, првата задача била да се преспие цела ноќ, а втората задача да се прескокне една ноќ спиење. Мозочните функции, како меморијата,  расудување, донесување одлуки, решавање на проблеми, биле влошени, како и времето и спремноста на реагирање на зададените задачи, кога испитаниците не спиеле.

2. Заборавање

Не само што недостатокот на сон ќе Ве направи позаборавени, туку и ќе почувствувате негативно влијание врз способноста за учење и меморија. Со спиењето се овозможува одмор на мозокот, при што се сочувуваат и консолидираат дотогашните информации, и се остава простор за прием на нови информации.

3. Зголемен ризик од дебелеење

Во една студија во која биле вклучени 21,469 лица, на возраст над 20 години, а во временски период  од 3 години, лицата кои спиеле помалку од 5 часа навечер, ја зголемувале телесната тежина, до стадиум на дебелеење, за разлика од лицата кои имале ноќен сон помеѓу 7 и 8 часа, кај кои процентот на зголемување на телесната тежина бил многу помал.

4. Зголемен ризик од предизвикување на сообраќајни незгоди

Доколку спиете шест или помалку часа навечер, ризикот од предизвикување / инволвирање во сообраќајни незгоди се зголемува за 3 пати. Најосетлива група се работниците кои работат во смени, бизнис патници, комерцијалисти, кои поминуваат многу часови без неправилен сон. Размислете 2 пати пред да седнете зад воланот, ако не сте наспани доволно.

5. Намалено либидо

Недоволен сон може да доведе до намалување на сексуалниот нагон. Во една студија, во која биле вклучени млади мажи, по неспиење повеќе од 7 дена, забележано е намалување на нивото на тестостерон. Спиењето пет или помалку часа во текот на ноќта, ги намалува нивоата на половите хормони 10-15%. Мажите пријавиле и промена во расположение и намалена физичка сила.

6. Пад на имунитетот

Немањето на доволен сон може да ја намали способноста на организмот да се бори против болести. Пад на имуниот систем, како резултат на неспиење,  а како реципроцитет на тоа, неможноста да се има добар сон, кога телото се бори против некоја болест, се взаемно поврзани.

7. Зголемен ризик од појава на дијабет

Истражувачите анализирале 10 студии за поврзаноста помеѓу спиењето и дијабетот, при што е донесен заклучок дека е потребен оптимален сон од 7-8 часа, како би се избегнале варијациите на инсулинот, кои на долгорочно ниво, може да доведат до дијабет.

8. Коронарни болести

Недостаток на ноќниот сон, спиење помалку од  пет часа, како и долгото спиење, повеќе од девет часа, може да се одразат негативно на состојбата на срцето, како и зголемување на можноста за развивање на коронарна срцева болест или миокардијален инфаркт.

9. Развој на канцерогени заболувања

Недостатокот на сон се поврзува и со зголемени стапки на канцер на дојка, колоректален канцер, канцер на простата. Во една студија во која биле вклучени околу 2000 мажи, на возраст од 67 до 96 години, во период од 3 години, дојдено е до заклучок дека мажите кои не спиеле доволно, имале 60% поголеми шанси за развој на рак на простата.

10. Лош надворешен изглед

Во студија во која биле вклучени лица на возраст помеѓу 30 и 50 години, биле набљудувани промените кои се случувале на кожата, поврзани со нивните навики за спиење. Оние кои помалку спиеле, имале повеќе брчки на лицето, нееднаква боја на кожата, со појава на флеки, видлива олабавеност на кожата на лицето. Незадоволството од нивниот надворешен изглед бил видливо изразен.

Спиењето и одморот, на Вашето тело и мозок,  се повеќе од потребни, не само за Вашата убавина и суета, туку и за Вашето здравје. Добриот ноќен сон, од 7 до 8 часа, може да Ви го спаси животот. Размислете, пред да продолжите со филмскиот маратон во доцните вечерни часови… Изгаснете ги светлата, и препуштете се на неколкучасовниот одмор за Ваша убавина и здравје.

error: