ЗанимливостиРодители и Деца

10 ФРАЗИ КОИ МАЈКИТЕ НАЈЧЕСТО ГИ КОРИСТАТ – Сигурно ќе се препознаете

фрази за децата

Науката потврдила дека најинтелигентните деца ја наследиле интелигенцијата од своите мајки. Но, не само заради ова треба да им бидете благодарни на своите мајки, туку и за сите лекции на кои Ве научиле.

Често ќе се слушнете себеси како ги повторувате фразите кои ги употребувала вашата мајка, па дури некогаш и гласот Ви заликува на нејзиниот. Мајката е првиот учител на детето, па не бидете изненадени ако најдете поврзаност со овие реченици:

1.”Затоа што јас така реков.”

Ова е веројатно најчесто употребуваната реченица на секоја мајка, или родител воопшто. Всушност, 8 од 10 мајки признаваат дека ја употребуваат оваа реченица секојдневно. Кога ќе размислите малку подлабоко што всушност се крие под оваа фраза – Вие ја зацврстувате вашата позиција во светот на детето. Со други зборови, оваа изјава го креира вашиот авторитет. Иако детето не секогаш се согласува со сè што ќе кажете, ниту пак верува, како што расте, сепак, ќе знае дека секогаш треба да Ве почитува и да го слуша вашето мислење.

2.”Ако сите скокнат од мост…”

Веројатно сте ја слушнале оваа реченица од вашата мајка кога сте биле во тинејџерските години, бидејќи тоа е периодот кога децата се под најголемо влијание од околината, другарите. Кога ќе станете родител, ќе сфатите дека е важно да го научите детето дека понекогаш е добра работа да се спротивстави на толпата. Децата треба да размислуваат индивидуално за своите избори и да не ги прават работите “затоа што сите други ги прават”.

3.”Кога јас бев на твои години…”

Оваа реченица е често користена и од бабите, дедовците. Тие секогаш сакаат да раскажуваат за нивното детство, и како тие години биле многу подобри, отколку сега. Сигурно и Вие на вашето дете понекогаш му давате споредби на вашето детство со неговото моментално. Размислувајте на овој начин – кога ќе ја започнете оваа реченица, Вие му давате на детето лекција од историјата, раскажувајќи за вашето лично искуство и доживување, што е секогаш добра работа за детето.

4.”Кога ти ќе имаш деца…”

Ова звучи како предупредување или закана, но, навистина, некои работи се сфаќаат кога и самите ќе станете родител. Одговорностите добиваат сосема различна димензија. Некои лекции може да ги научите само кога ќе станете родител.

5.”Да не си израснат во џунгла?”

Смешно е како мајките ја упоребуваат оваа фраза, кога тие ги одгледуваат децата. Но, често ја употребуваат кога детето јаде со отворена уста, се однесува непристојно, заборава да ја затвори вратата или силно ја треска. Но, оваа фраза е добар потсетник дека треба да бидеме љубезни и куртоазни во секоја социјална ситуација. Оваа фраза е почеток на креирање на социјалните вештини.

6.”Парите не растат на дрво.”

Не само мајките, повеќе можеби и татковците ја користат оваа реченица, кога детето бара нешто. Позитивниот аспект на оваа фраза е дека детето се учи на важна лекција за ракување со финансиите, особено денес, кога децата се бомбардирани од разно-разни реклами за скапи производи.

7.”Додека си под мојот покрив…”

Често се употребува оваа реченица кога детето е во тинејџерски години, кога сака да прави работи како на пример, тетоважа, пирсинг, а мајката на тоа се противи со реченицата: “Сè додека си под мојот покрив, ќе ги почитуваш моите правила.” Важната лекција која е овде? Домот е светилиште и секогаш треба да биде безбеден простор. Колку порано го сфатиме тоа, толку порано ќе ги цениме нашите домови.

8.”Еден ден ќе ми бидеш благодарен.”

Оваа реченица веројатно не сте сакале да му ја кажете на вашето дете, под никакви околности. Но, некогаш ќе Ви излета. Гледајте на позитивната страна на тоа. “Еден ден” е лекција за благодарност. Не треба никогаш да заборавиме кој ни помогнал да стигнеме во животот на одредена дистанца. Особено мајките, кои имаат фундаментална улога во нашиот живот.

9.”Не го ‘повишувај’ тонот кога разговараш со мене.”

Интересно е дека при разговорот со мајката, таа нема да обрне толку внимание на зборовите, туку на тонот на кој ги кажувате. Па, кога ќе имате и самите деца, ќе го сфатите ова. Не се работи за она што го кажувате, туку начинот на кој го кажувате. Ова може да биде важна лекција во животот, за да може да ги препознаете неискрените и неблагодарните луѓе околу Вас.

10.”Не ме терај да…”

“Не ме терај да се вратам назад / да ти повторам / да дојдам таму…” и такви слични предупредувања во детството, ни влевале страв од последиците. Мора да признаете дека и Вие кон вашите деца користите вакви фрази, па макар и да било само еднаш.

 

На следниот линк дознајте Дали сте Вие ‘хеликоптер’ родител? За доброто на детето, престанете!

 

М.Д.

error: