Совети

Зимски активности кои ќе ви помогнат да останете фит

Надвор е ладно! Кога ќе се вратите дома веќе е темница! Сеуште се опоравувате од преголем број на калории кои сте ги внеле во изминатите неколку недели! Сите овие се добри изговори за да останете дома до жешкиот радијатор, да пиете топло чоколадо и да гледате серии, зарем не?

Погрешно размислувате.

Иако од една страна е многу примамливо да во текот на зимата се претворите во вистински “кауч компир”, исто така е идеално време да земете длабок здив, да облечете топла облека, да го активирате вашиот дух и да појдете во авантура и екскурзија надвор на свеж воздух.

Вежбите ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот на килограми и здраствено да се чувствувате подобро и да го подобрите квалитетот на живот. Имајте на ум една предност во текот на зимата: вежбајте во текот на зимата за да согорите повеќе калории затоа што телото треба повеќе да се активира за да се задржи топлината.
Подолу ви ги откриваме зимските спортови кои ќе ве држат во форма, така што кога во домашна атмосфера седнете покрај топлиот радијатор – тоа ќе ви биде како награда по “забавата” на отворено.

Скијање

Покрај тоа што е забавно, скијање е многу популарно поради горење калории.
Оваа активност ги освежува умот и телото и го зголемува вашиот адреналин со секоја нова патека.
Сепак, се препорачува внимателно да ги оцените вашите скијачки способности и соодветно да изберете соодветна патека.
Повреди на нозете, особено на колената се вообичаени меѓу професионалците, особено кај почетниците. Половина час скијање согорува околу 325 калории.

Сноубординг

Изненадувачки или не, сноубордингот согоруваат повеќе калории отколку скијањето. Половина час сноубординг согорува околу 350 калории. Сепак, поради тежината и ризикот од повреди, сноубордингот обично се изведува помеѓу помладите и средовечните луѓе. За да сноубордате потребна ви е комплетна опрема, почнувајќи од одело, заштитни очила, ракавици, чизми и даски.

Лизгање по снег

Ништо не е поудобно од вечерно лизгање на локалното лизгалиште. Еден куп на луѓе и добра музика ви се гаранција дека ќе имате добро време со пријателите.
Вие дури и не треба да поседувате сопствени лизгалки. Можете да ги изнајмувате во сите лизгалишта.
Половина час лизгање со умерена брзина согорува околу 200 калории.
Лизгањето трае околу 90 минути, па вие сте во можност да потрошите во просек 500 калории а при тоа да се забавувате. Лизгајте внимателно.

Пешачење на снег

Слично на одење или лесно џогирање, пешачење во снег, особено во длабок снег може да биде исто така одлична вежба.
За разлика од одењето, кај пешачењето на снег, нозете и срцето имаат поголем напор, а само дополнителна опрема се водоотпорни чизми во кои нозете ќе ви бидат суви и топли.
Со пешачење во снегот, може да изгорите 350 до 400 калории за еден час.

Одење / Џогирање

Програма со редовни одење или џогирање може позитивно да влијае во смисла на тоа што го намалува високиот крвен притисок, го стабилизира срцето, го намалува холестеролот, и од друга страна, го подобрува метаболизмот и способноста за согорување на мастите. Ветер, снег и студ не треба да ве спречат ако се облечете соодветно со доволно слоеви на облека кои ќе ви ја одржуваат топлината. Во случај да џогирате навечер или по тмурно време облеката треба да ви биде упадлива односно рефлексирачка.

Претходно, истегнете ги и загрејте ги мускулите, бидејќи ниските температури ја намалуваат флексибилноста на телото што доведува до потенцијални повреди. Носете чевли со длабоки шари на ѓоновите за да избегнете лизгање на влажни или замрзнати патишта. Конечно, најдете си пријател, кој ќе ја одржува вашата мотивација, многу е полесно да излезете надвор и да знаете дека ве чека верен пријател кој ви е партнер за осење или џогирање.

Чистење снег

Ова е уште една одлична зимска вежба. Чистење снег од автомобили, тротоари или вашиот двор може да биде многу тешка активност.
Се што ви треба е соодветна облека, лопата и четка. Еден час расчистување на снег гори неверојатни 550 калории.
Наједноставното утринско расчистување на снегот од автомобилот многу лесно за 10 минути ќе ви изгори 100 калории. Затоа, молете се да падне снег, одличен е за согорување калории!

 

 

Н.Н.

error: