Совети

Со аеробик против депресија

Instructor with fitness class performing step aerobics exercise

Аеробикот може да ја елиминира депресијата побрзо од било кои лекови, според истражувањето објавено од страна на “British Journal of Sports Medicine”.

Дванаесет лица кои страдали од депресија, која трае во просек девет месеци, вежбале аеробик секој ден вкупно десет дена. Во просек имале 49 години, а меѓу нив имало седум жени. Кај десет пациенти лековите не ги елиминирале симптомите. Испитаниците секој ден оделе на подвижна лента по триесет минути.

Три минути брзо одење наизменично со три минути бавно одење, а интензитетот на вежбањето ги забрзало отчукувањата на срцето прилагодени со тренингот. Степенот на депресија бил измерен на почетокот и на крајот на програмата, а пациенти самите си го оцениле своето расположение на почетокот и после десет дена од тренингот.

По десет дена кај шест пациенти, забележано било значително подобрување, а кај пет од нив лечењето со медикаментозна терапија во голема мера било неуспешено.

Двајца од нив се помалку депресивни, додека степенот на симптомите останал непроменет кај четири пациенти.

Вкупно депресијата била намалена за една третина. Шест од овие пациенти побарале продолжување на програмата.

Авторите предупредуваат дека ова е една мала студија, но сепак велат дека има импресивно подобрување кај овие пациенти, со оглед дека антидепресивите обично почнуваат да делуваат по две до четири недели.

“Резултатите од оваа студија укажуваат на клиничко подобрување кое што не може да се постигне со фармаколошки третмани”, тие заклучија. Оваа програмата може да биде особено погодена за лицата на кои третманот со лекови не е ефективен.

Заклучок:

Ако сте депресивни или ако сте во лошо расположение почнете да вежбате, бидејќи тоа е начин на кој можете да ги решите сите проблеми!

 

 

Н.Н.

error: