Совети

Пешачење во природа – лек за сите стресови на модерниот живот

На сите нас ни треба една добра прошетка со цел да вдишeме чист воздух и да се ослободиме од дневните грижи.

Долги прошетки низ шумските предели, целодневно одење по планината или во рамниците, да се пешачи може било каде. Ништо не ве спречува да појдете од прагот на сопствениот дом, во било кое годишно време!

Зошто е потребно да пешачите во природа?

Одењето ги активира сите мускули на телото, но и рацете, стомачните и грбните мускули. Тоа создава свое внатрешно масирање на органите за варење и така ја спречува опстипацијата односно затворот.

Уште повеќе, шетањето во природа ја зголемува издржливоста на срцевиот мускул, ја зголемува респираторната сила на градите, го исполнува организмот со кислород и нашиот дух патува, благодарејќи на движењето на телото.

Кога гледаме некој убав предел, мозокот произведува хормон на среќа, ендорфин, природен производ што нѐ исполнува со чувсто на задоволство и среќа.

Не е никакво чудо тоа што милиони луѓе во Европа, од кои 60% се жени, се големи љубители на пешачењето во природа. а ова да ги додадеме и спортовите како што се: возење со велосипед, јавање, голф и ориентационо трчање.

Пешачењето е одлично и за вашето здравје, позитивно влијае на вашето расположение и е добро искористено време.

Потребна опрема

Чевли или патики со сите удобности. Опремени со амортизери за удари, удобни, отпорни и вонредно лесни, чевлите се прилагодливи за секој терен. Не пропуштаат и под најјаките налети на дожд.

 

 

Н.Н.

error: