Совети

Кој дел од денот е најдобро време за вежбање?

најдобро време за вежбање

Често, ова прашање нема вистински одговор. Не постои правило и совршено време за да се вежба, бидејќи многу мали нешта може да влијаат врз тренингот. Сепак, постојат фактори за кои вреди да се размислува за тоа како да се најде соодветно време за тренинг. Треба да се обрне внимание на внатрешниот часовник на телото, како и фактот дека хормоните и други хемиски супстанции влијаат на работата на организмот.

Фактори кои утврдуваат кога е најдобро време за вежбање:

Возраст, здравје и пол

Тимот на научници открија дека луѓето над 50-годишна возраст најдобро е да вежбаат наутро. Постарите спортисти се будат во раните утрински часови и нивниот биолошки часовник е поактивен од помладите луѓе.

Кортизолот и тестостерон

Вечерното вежбање е првенствено за изградба на мускулите. Кортизолот е хормон кој ги регулира нивоата на шеќер во крвта, но, исто така, влијае и на разградување на мускулите, доколку е потребно. Тестостеронот функционира спротивно на кортизолот, врши инкорпорирање на протеините и ја зголемува мускулната маса што ги покрива анаболните процеси. Нивото на кортизол е повисок во утринските часови, а е понизок во вечерните часови. Нивото на тестостеронот е исто така повисоко во утринските часови (што го забележуваат многу мажи). Иако нивото на тестостерон е повисоко од кортизол ноќе, тогаш е посилна анаболната состојба, што е подобро за градење на мускулите.

Подготовка за натпревар

Најдобро време за вежбање е времето во кое ќе се одржи натпреварот. Ако натпреварот е во утринските часови, тогаш најдобро е да се вежба утрото за телото да се навикне дека наутро ќе биде оптеретено.

Утрински вежби

  • За утрински вежби се препорачува трчање, кардио вежби и одење, не препорачуваме вежби со тегови.
  • Обрнете внимание на загревање!
  • Појадокот е задолжителен затоа што нивото на шеќер е многу ниско пред првиот појадок.
  • Треба да јадете половина час пред да вежбате.

Вечерни вежби

  • Најдобро време е во предвечерните часови. Доцна навечер не се препорачува вежбање поради регенерација на мускулите.
  • Најдобро е кога наутро се прават кардио вежби, а во предвечерните часови вежби со тегови
error: