Совети

Како возењето велосипед го штити нашето здравје

Според Светската здравствена организација, физичката неактивност е втор здравствен ризик во развиените земји. Тоа укажува на фактот дека велосипедизмот е многу погодна активност, бидејќи:

  • ја зголемува издржливоста
  • го подобрува кардиоваскуларно здравје
  • служи како средство за рехабилитација по повреди
  • добро е за артритис

Користете соодветна заштитна опрема и применувајте ги правилата на патот за да се намали ризикот од сериозни повреди. Најчестите велосипедски повреди се случуваат на колената, но може да се спречат. Првата работа е да го прилагодите седлото и да ги проверете педалите и не се преценувајте во раните фази на возење.

Ако не сте во форма не  возете премногу брзо, или на планински терен, или премногу далеку од Вашиот дом. Запомнете дека мора да се вратите!

Болки во мускулите се нормални по процесот на возењето, но ако чувствувате болка во зглобовите, ова се рани знаци на повреда. За оние кои не сакаат вежбање, и очајно сакаат да бидат спремни, ова е најдобро решение.

Зошто? Затоа што нема потреба да одите на фитнес и нема членарина секој месец.

 

 

Н.Н.

error: