Совети

Физичка активност – клучот за здраво тело и за здрав дух

“Anima sana in corpore sano”. Оваа латински реченица го опишува античкиот идеал “во здраво тело, здрав дух”. Но, ние знаеме дека спортот и активностите не само што имаат позитивно влијание врз нашите тела туку и за нашето здравје. Луѓето трошат милиони годишно на адитиви или за суплементи во храната убедени дека ќе им помогнат при губењ на телесната тежина, ослободување од стресот и анксиозноста, и што уште не.

Но, тие не се свесни дека тоа, а и многу повеќе, можат да го постигнат со спортување.

Физичката активност помага при изградба и одржување на мускулите, коските, зглобовите; корисна е за дијабетичарите и оние со кардиоваскуларни проблеми, како и во многу други сегменти на здравјето. Темпото на животот е такво што само неколку од нас може во дневниот распоред да ја вклучат физичката активност.

Но не треба да се откажувате од вежбање бидејќи не можете да го практикувате секој ден. Оптимално е да се занимавате со некој вид на спорт 2-3 пати неделно.

Не може да се каже дека тоа не е возможно! Не е важно колку години имате или колку килограми плус, секогаш треба да се обидете да бидете здрави и никогаш не е доцна за тоа. Повеќето луѓе се плашат од фактот дека ќе изгледаат смешно или трапаво во фитнес центр и дека ќе бидат најдебели таму а сите останати таму дека се во одлична форма.
Па, видете, тоа не е вистина! Мора да имате на ум дека секој мора да почне од некаде.

Ако не сте обожавател на вежбање во теретана, обидете се со аеробик.
Се состои од ритмички вежби кои ангажираат големи групи мускули а еден тренинг трае од 30 минути до саат време.

Најважна работа при било кој вид на тренинг е дишењето!
Никогаш не заборавајте правилно да дишете, затоа што така ќе заштедите енергија и ќе ги правите вежбите правилно и ефикасно и брзо ќе добиете резултати.

Исто така, треба да се напомене дека само правилно изведена вежба е добра вежба!
Ако вежбате без премногу размислување како да го направите тоа, нема да добиете максимални резултати, а што е уште полошо, може да се повредите.

Подеднакво важна работа при тренингот е и загревањето! Секогаш загрејте се пред тренинг!
Вашето тело треба да биде подготвено за да се избегнат грчеви или некои сериозни повреди.

По завршувањето на тренингот е задолжително протегање!
На почетокот, додека не влезете во форма, вашата активност може да се заснова само на рутинско загревање и истегнување.

Се разбира, дека сме свесни дека не е секогаш лесно да се размрдате и да бидете мотивирани, но еве наш предлог: започнете со прошетка. На пример, можете да почнете со 15 минутно брзо одење во една насока, а потоа да се вратите.
За неколку дена оваа рута ќе ја поминувате за 10 минути, а потоа ќе го продолжите патот. Овој почеток е добар за оние кои не се форма или имаат вишок килограми, бидејќи е умерен и без ризик од повреди.

 

 

К.М.

error: