Совети

Ендоморфи, мезоморфи, или ектоморфи – од формата на вашето тело зависи нивото на физичка активност кое треба да го применувате

Пред да почнете да вежбате и да го обликувате вашето тело, треба да го познавате вашето тело. Не се сите луѓе исти, ниту одредени вежби ќе го имаат истиот ефект со иста брзина кај секого.

Затоа многу е важно да дознаете што повеќе за принципите на кои функционира вашето тело, но исто така и за себе, како поединец бескрајно различен од сите други.

Постојат три видови на тела: Ендоморфи, мезоморфи и ектоморфи.

Ендоморфи се луѓе кои лесно акумулираат масти и имаат многу проблеми со губење на тежината. Тие се карактеризираат со вишокот на масно ткиво, дебелината и големи зглобови.

Мезоморфи се убави, мускулести и спортски типови. Тие лесно губат или добиваат на тежина.

Eктоморфи се мали, слаби и коскасти со забрзан метаболизам и со многу малку масти.

Ектоморфи

Тие се обично високи, тенки луѓе со мали зглобови. Нивниот метаболизам е многу ефикасен и може да јадат било што без страв дека ќе добиваат на тежина. Од друга страна, ектоморфите имаат голем проблеми да качат на тежина.

Eктоморфите можат да постигнат извонредна мускулна градба со голема упорност и напорна работа. Нивните тела реагираат најдобро на вежби за дефиниција, со помали тежини а повеќе повторувања.

Eктоморфите треба да ги следат овие упатства при исхрана и тренинг:

  • Успорете и често одморајте се
  • Добро наспијте се
  • Намалете го стресот
  • Избегнувајте претренираност
  • Постојано внесувајте многу калории
  • Фокусирајте се на квалитетот на исхраната и хранливата вредност на храната

Мезоморфи

Чистите мезоморфи се типично згодни личности, слаби, со широки рамена и зглобови со средна големина.

Во друштво ги гледаат како родени спортисти и често имаат издефинирана мускулатура и пред да почнат да вежбаат. Meзоморфите лесно добиваат или губат на телесни масти а телото добро им реагира дури и на најмало вежбање или хранливи третмани.

Meзоморфите имаат среќа што не мора да применуваат специјални режими при вежбање и исхрана. Сепак, без оглед на генетските предиспозиции, и мезоморфите треба лесно да тренираат за одржување на мускулната маса и да ја доработат дефиниција.

Ендоморфи

Луѓе кои се борат да изгубат на тежина, тие имаат бавен метаболизам и лесно ги акумулираат мастите. Тоа се најчесто крупни луѓе со големи зглобови.

Ендоморфите тешко можат да ги изгубат килограмите само со диета без вежбање. За да го поттикнат топењето масти, тие мора да бидат подложени на соодветен тренинг.

Накратко, на ендоморфите им е потребно да го забрзаат метаболизмот, што доаѓа со тренингот. Ендоморфите најдобро реагираат на високо протеинска / нискојаглехидратна диета и чести кардио вежби со висок интензитет.

Тие мора добро да го испланираат нивниот план за исхрана и програмата за тренинг, да бидат многу дисциплинирани и упорни за да ги стопат мастите. Eндоморфите треба да ги следат овие правила:

  • Висок внес на протеини, низок до умерен внес на јаглехидрати
  • Вежбањето е од суштинско значење
  • Не треба да бидат поборници
  • Рано да легнат и рано да се разбудат
  • Мора да бидат упорни и доследни во исхраната и во тренинг активности

Познавањето кој тип сте и следење на правилата кои се дадени е многу важно, но сепак не е толку едноставно.

Иако од типот на вашето тело зависи дали лесно или тешко ќе се здебелите, никогаш не смеете да заборавите дека дополнителна тежина е низа на комбинирани фактори кои не се исклучиво од страна на гените. Никогаш не ги обвинувајте гените за вашата ситуација.

Постојат голем број на други фактори кои придонесуваат за вишокот или недостатокот на вашите килограми и кои се целосно под ваша контрола.

Вие сте на потег – без оглед на генетската предиспозиција можете да се трансформирате со позитивен пристап и напорна работа.

 

 

Н.Н.

error: