Совети

8 пролетни активности на отворено за враќање на енергијата

Пролетtа е веќе подолго окoлу вас, а вие никако да се одлепите од работата и загушливата канцелариjа, домот и телевизијата, а пак резервите на енергиjа ви се намалуваат?

Еве ги нашите топ 10 предлози кои со занимливите содржини ќе ви го задржат вниманието, ќе ви дадат повеќе сила а пред се ќе ви ја вратат енергијата.

Брзо одење

Активност за сите оние со малку слободно време. Поведете го партнерот, најдобриот пријател/пријателка, родителите и тргнете со брзина од 6 км/ч за да повремено успорите, убрзате или лесно да потрчате. Освен задолжителните удобни чевли, понесете со себе вода со која ќе го надокнадите губитокот на течноста.

Брзото одење е добро за срцето, притисокот, го намалува ризикот од дијабетес, мозочен удар, го намалува стресот, го зголемува производството на тестостерон значи ја зголемува сексуалната желба на мажот. Ја зголемува работната способност затоа што го зголемува снабдувањето на мозокот со кислород.

Водете сметка да не одите брзо по главните сообраќајници или во индустриските делови на градот. Подобри се патеките поред морето, езерата, реките или во шумите каде воздухот е чист а одењето задоволство.

Фризби

Пред се исклучително практичен. Професиналниот фризби е со радиус 20-25 цм и тежок 175 грама, лесен, може даго собере во секоја торба, а за играње ви е доволен партнер и вашето влакнесто милениче кое среќно ќе трча по него кога еднаш ќе го фрлите.

Сепак, би било згодно понекогаш и вашите пријатели да појдат со вас за да не станете само машина за фрлање затоа што трикот со фризби е во тоа да трчате по него и да го ловите во воздух а песот сепак не може да ви го фрла.

Сами можете да ги одредувате правилата на играта, доволна ви е ливада, плажа или слична отворена површина, ветренце кое ќе го носи фризбито што е можно подалеку за да ги трошите калориите и да го раздвижите секој дел од телото.

Немојте да се заморувате со барање на професиналното фризби, добар ќе биде и оној најобичниот кои ќе послужи за вашиот викенд одмор и за рекреација на свеж воздух.

Скокање на јаже

Еден од најдобрите аеробни тренинзи кој помалку ги оптеретува вашите колена од трчањето, а реквизитот за него е најефтин кој што можете да го набавите (јаже) битно е да е со правилна должина (тоа ќе го проверите за време на пресконувањето).

Не ви е потребно многу место (можете да скокате и во сопствениот двор). Кога бевме деца, прескокнувањето јаже ни беше еден од најзанимливите активности а сме заборавиле да го прескокнуваме кога почнавме да седиме во фотеља и така да го помагаме атрофирањето на мускулите.

Застанете со исправено тело, гледајте пред себе и бидете опуштени. Скокањето на тревната или земјана површина многу помага на амортизациајата на колената, како и доскокот на ножните прсти наместо на петите или на целото стопало.

Не е важно ако во почетокот јажето ви запнува за нозете. По некое време ќе сватите дека ова и не е толку тешко, всушност е забавно, и дека со петнаесет минути лесно прескокнување, може да потрошите дури 200 калории.

Натпреварувајте се со пријателите кој може најдолго да прескокнува, кој може да изведува комплицирани вежби и слично. Од едноставна рекреација направете викенд предизвик и забавете се.

Јога

Дишете, замислете пространа ливада, преполна со мирисно цвеќе, тивок топол ветрец…

Повеќе не морате тоа да го замислувате вежбајќи јога во загушлива дворана, искористувајќи го она што ни го нуди пролетта излезете на омилената ливада, во шума, езеро или море, вдишете свеж воздух и вежбајте дишење.

Секако, за јогата би било пожелно да имате некакво знаење, а не неправилно да дишете или да вежбате на своја рака затоа што може да се повредите.

Запишете се на курс, а потоа сами повторујавте го тоа што сте го научиле од професиналец.

Јогата е дисциплина која “едвај ја чека пролетта“ за да може да се вежба во природа. Имено, во двораните во која инаку ја вежбаме се обидуваме со амбиентална музика и со етерични масла да ја доловиме природата, а сега е доволно само да облечеме удобна облека и да заминеме во околината која најмногу ни овозможува да навлеземе во светот на медитацијата, мирот и опуштеноста.

Останатите активности прочитајте ги на наредната страница

error: