Вежби

Потребни ви се само 20 минути и проблемот со циркулација ќе биде решен

Многу луѓе патат од слаба циркулација на крвта. Причини кои можат да доведат до настанување на овој проблем се: високо ниво на холестерол, храна која не содржи витамини, солена храна или мал внес на течности.

Овие проблеми, можете да ги решите со физички вежби за само 20-тина минути, но никогапш не заборавајте дека нездравиот начин на исхрана придонесува за оштетување на крвните садови и создава варијации во циркулацијата.

Еве неколку работи кои можат да ја подобрат циркулацијата на крвта:

Истегнување

Утринското истегнување е најдобро. Затоа, обидете се тоа да ви премине во навика.

Вежби за зглобови

Со оваа вежба ќе ги опуштите мускулите. Исправете се и наизменично стојте на прсти и пети. Постапката повторете ја 10 пати.

Вежби за болки во вратот

Движете ја главата од лево кон десно и бројте до 10. Потоа, исправете ја главата и полека наведнувајте ја кон градите. Доколку слушнете некакво крцкање, не грижете се, тоа значи дека сте на прав пат.

Истегнете ги петите и прстите

Седнете на под и свиткајте ги колената во агол од 90 степени. Потоа, кренете ги прстите, но внимавајте петите да ви останатат на подот, па спуштете ги прстите во првобитната состојба.

Кружно движење на стапалата

Оваа постапка е многу едноставна. Се што треба да направите е да седнете на столче и да ги движите стапалата во насока на стрелките на часовникот. Повторете 10 пати.

Пешачење

Обичната прошетка ги опушта мускулите и ја стимулира работата на срцето.

Пливање

Пливањето ја подобрува работата на срцето, ги ослободува мускулите и зглобовите од болка.

Јога

Техниките за правилно дишење ја подобруваат циркулацијата на крвта.

Возење велосипед и танцување

Возењето велосипед ја подобрува циркулацијата на долните екстремитети, додека танцувањето дава севкупни позитивни резултати.

Сума сумарум, најважно од се е да бидете физички активни и резултатите ќе си дојдат сами по себе.

error: