Вежби

Како да почнете да вежбате ако имате прекумерна тежина?

kako da oslabam

Првиот чекор што треба да го направите е вашите мисли да работат за вас, а не против вас. Тајната за започнување на рутински вежби лежи во вашата глава. За да ги видите физичките промени од вежбањето, потребно е да помине подолго време, но она што веднаш можете да го постигнете е да го промените вашето расположение и начин на размислување. Верувајте во себе и почнете да се мотивирате.

Кои активности треба да ги направите?

Прво, физичката активност која сте ја одбрале не е важна, само движете се. Се препорачува секоја недела да ја зголемувате вашата физичка активност за 10%. Можете да започнете со лесни прошетки, па постепено да го зголемувате вашето темпо.  Ова ќе ви помогне да поченете да станувате поактивни.

Колку треба да вежбате?

Кога ќе почнете да вежбате направете си свој распоред според вашите можности. Игнорирајте ги советите дека треба да вежбате 30 минути дневно. Вашиот фокус треба да биде на тоа физичката активност да ви стане рутина.  Направете си договор како на пример “Јас ќе почнам да вежбам два пати неделно“. Запомнете дека кога редовно ќе почнете да вежбате, ќе почнете да ја намалувате телесната тежина.

Откако ќе се одлучите што ќе вежбате, планирајте да го зголемувате вашето темпо од 3-10 минути. Не се обесхрабрувајте доколку работите не се одвиваат како што сте планирале. Запомнете дека постигнување на здрав начин на живот не е лесно, така да прифатете ги грешките и продолжете. Грешките се нормален дел од процесот. На крајот на краиштата, вежбањето е за трансформација, и започнува кога ќе одлучите да го направите првиот чекор.

План за пешачење

kako da oslabam

Пешачењето е одлична идеа да почнете со физичка активност кога имате прекумерна тежина. Излезете надвор, уживајте во природата и движете се. Секој ден поченете со 5 минути умерено темпо за да се загреете, па потоа следува побрзо темпо, и завршувајте со 5 минути полесно пешачење. Првата недела пешачете со брзо темпо 5 минути. Следните 2-6 недели зголемувајте го времето на брзото темпо по 2  минути неделно, додека не стигнете до 15 минути. Стагнирајте две недели и од 8-12 недела повторно зголемувајте и додавајте 2 минути секоја недела. До 12-тата недела ќе пешачите 30 минути брзо темпо.

Ќе напредувате постепено а во исто време ќе ги губите килограмите.

Би можело да ве интересира и: 20 минути неделно од оваа активност може да го продолжи вашиот живот!

А.Е.

error: