Истегнување

T’ai chi – бавни движења за физички и душевен мир

Таи Чи е вештина која подеднакво му помага на телото и умот. На Далечниот Исток е одамна позната, а западот ја прифаќа неколку децении. Во Кина и Хонг Конг групи на луѓе од мали деца до стари лица, складно се посветуваат на серијата бавни, хармонично поврзани движења, а традицијата се пресели и на запад.

Многу урбани вработени луѓе секојдневната пауза ја користат за да ги релаксираат умот и телото со практикување на Таи Чи. Може да се прави на свеж воздух и во сала, или дома со ослободување на празен простор со поместување на мебел.

Таи Чи е систем на нежни, кружни движења и положби кои изгледаат како пливање во воздух. Ова е една необична комбинација и извонредна дисциплина – вежбањето има слични ефекти како и сите други рекреативни дисциплини, а во исто време обезбедува чувство на релаксација на телото и умот, како по медитација.

Зошто е добро вежбањето Таи Чи?

Со вежбањето се зајакнуваат мускулите, се ускладува телото со духот и се обезбедува протокот на “чи” телесна енергија. Чи е внатрешната енергија.

Резултатот од примена на Таи Чи е зголемување на виталноста и општата здравствена состојба. Оваа вештина е погодна за речиси секој човек, а за постарите луѓе е неверојатно корисна, бидејќи се работи за движења кои може да ги врши речиси секој.

Не се знаат ризиците од вежбањето таи чи. Повредите се речиси незабележани. Медитативниот ефект ги привлекува оние кои практикуваат агресивни или конкурентни-ориентални начини на вежбање.

Иако сме навикнати од исток да доаѓаат боречките вештини, таи чи е спротивност на каква било агресија. Исто така, може да се користи како додаток на другите методи на вежбање, особено за да се релаксираат напнати мускули.

Помага при гастроинтестинални проблеми, го подобрува варењето, има многу добар ефект врз луѓето под стрес, го продлабочува дишењето, помага во циркулацијата, го опоравува срцето и крвните садови. Значително влијание врз координацијата на движењата, ја ублажува болката и е еден од ретките дисциплини што е прифатлива за лица со артритис.

Луѓето со слаба концентрации со редовно вежбање доживуваат значително подобрување. Листата на поволни влијанија на Таи чи е навистина долга.

Не е занемарливо ни дека Таи Чи може да почнете да го применувате вежбајќи со целото семејство заедно, добредојдени се сите, од мали деца до деведесетгодишници.

 

 

Н.Н.

error: