Истегнување

Степ аеробик – Чекор по чекор до виткост!

Обидете се и вие бидејќи аеробикот е соодветен за сите без оглед на возраста, полот и претходно знаење, а вежбањето во група со популарна музика мотивира и зближува. Тој вклучува качување, слегување и одење околу степ клупата. Во степ аеробикот се стекнува кондиција, и се обликуваат нозете и задникот.

Предности на степ аеробик

  • Правејќи ги вежбите на клупата ја подобрувате кондицијата и кардиоваскуларниот и респираторниот систем, а може да направите и интересна кореографија.
  • Со дополнителни реквизити, на степ клупата може да правите вежби со кои ќе го обликувате и зајакнете вашето тело, ќе го намалите масното ткиво и ќе ја зголемите издржливоста.
  • Вежбите за истегнување и релаксација и популарните вежби по пилатес и body & mind програми на степ клупата имаат уште поголем ефект.

За нозете, задникот, градите и добро држење на телото:

  1. Застане на работ на степ клупата на десната нога, со целото стапало. Подигнете го десното колено, а телото потпрете го нанапред. Повлечете ги лактовите во близина на телото и стиснете ги шаките.
  2. Со десната нога зачекорете далеку зад себе, внимавајќи при тоа коленото на предната нога да не го надминува стапалото. Спуштете се во исчекор, а рацете испружете ги пред себе со вкрстени шаки.

За рамената и надворешната страна на нозете:

  1. Со десното стопало застанете на работ на степ клупата, а со левата нога зачекорете зад себе. Рацете поставете ги дијагонално.
  2. Левата нога спуштете ја на подот веднаш до телото во ширина на рамената. Спуштете се чучнувајќи на десната нога. Внимавајте колената да не го надминуваат врвот на стапалата. Користејќи ги мускулите на задникот и рамениците вратете се во почетна позиција.

За подобра кондиција :

  1. Застанете покрај степ клупата и обидете се да ја прескокнете по должина. Земете залет, потоа десната нога ставете ја зад вашето тело.
  2. Прескокнете ја степ клупата со двете нозе во должина, со испружени раце на страна.

Отпор од страна :

Комбинација на степ и пилатес. Бочно потпрете се на степ клупата и потпирајќи се само на едната рака кренете се додека не ја исправите раката. Бидете сигурни дека нозете ви се притоа израмнети.

Заден отпор + колената:

Седнете од страна на степерот. Потоа, потпирајќи се на рацете, подигнувајте се сѐ додека не ги исправите рацете. Осигурајте се дека вашите колкови се подигнати, а мускулите во долниот дел на грбот и стомакот се цврсто стегнати, така што телото ќе формира една линија од главата до петиците.

 

 

Н.Н.

error: