Истегнување

Аштанга јога – сѐ што треба да знаете за најпознатиот стил на јога

Ова е една од најпознатите и најбараните стилови на јога, што буквално значи “осум екстремитети”, односно осум чекори кои водат до самореализација.

На западот ја проширил K.Pattabhi Jois, еден од најголемите учители по јога на 20-тиот век а се состои од шест серии, од кои последните четири се практикуваат од страна на мал број на луѓе од Западот.

Секој Ashtanga јога час го координира ujjayi дишењето со голем број на напредни позиции на примарната серија, која секогаш се врши со ист редослед.

Вежбањето доведува до интензивно загревање и потење кое ја гради силата, флексибилноста и издржливоста. Резултатот е цврсто но сепак лесно тело, подобра циркулација и смирување на умот. Аштанга јогата се состои од:

Аштанга лед (Ashtanga Led)

Наставникот ги води вежбачите низ оригиналнот и секогаш ист редослед на движења на примарната серија без пауза со траење од 90 минути. Таа е наменета за напредните вежбачите, претходно запознаени со примарната серија на Aштанга јога.

Аштанга мисоре (Ashtanga Mysore)

Се спроведува во раните утрински часови, обично помеѓу 6:30 и 09:00 часот. Група на вежбачи од сите нивоа на обука, во тивка атмосфера ја изведуваат примарната серија на Аштанга јога, и секој го следи своето темпо под надзор на овластен учител по јога. Почетниците започнуваат со кратка вежба која е составена главно од Поздрав на Сонцето, а со текот на времето според свое темпо ја совладуваат целата примарна серија.
Затоа, времетраењето на вежбата за секој поединец е од 1 до 2 часа во зависност од степенот на напредок.

 

 

Н.Н.

error: