ИстегнувањеСовети

5 јога пози за состојба на единство и исполнeтост

За да го пронајдете својот мир треба да ја практикувате јогата. Нејзиното име значи “состојба на единство и исполнeтост “.

Опфаќа цела низа на системски вежби. Јогата има бројни дисциплини и навики: физичкото и менталното опуштање ги отстранува последиците на стресот, јога вежбите ја потикнуваат еластичноста на покретите и на телото; најпосле техниките на дишење (pranajama) ja развиваат способноста на контрола на сопственото дишење и респираторните можности.

Ова вежбање на телото и духот посебно им годи на оние кои живеат под притисокот на секојдневието.

Посебно им ја препорачуваме на оние кај кои стресот предизвикал органски последици, како што се иритабилните колони, надуеност и болки во стомакот.

Бројните проучувања покажале дека јогата има бенефиции во ваквите случувања.

Во слични вежби се вбројуваат: Tai-chi и ki-gong.

Опрема за вас

  • Растегливи панталони – Ни многу широки, ни припиени, овие растегливи и удобни панаталони извонредно се прилагодуваат на сите движења на вашето тело и кај најтешките положби.
  • Растеглива маичка – исто така не треба да биде припиена за вашето тело ниту премногу широк за да ви се соблекува или да ви смета во движењата.

Следуваат 5 јога пози кои се особено полезни за жените, а се толку лесни и едноставни што може да се практикуваат секој ден:

Поза 1

  1. Застанете право и раширете ги нозете малку повеќе од еден метар.
  2. Прстите на левата нога треба да бидат насочени налево, а на десната нанапред.
  3. Подигнете ги рацете во висина на рамената и раширете ги. Дланките насочете ги надолу.
  4. Свиткајте го коленото на левата нога и спуштете се доволно за да оформувате агол од 90° со ногата (кај коленото). Задржете се во таа поза околу 20 секунди. За тоа време дишете длабоко. Потоа повторете го истото на другата страна.

Зошто е корисна: Оваа поза ќе ви овозможи да ги растегнете мускулите на внатрешните бутови, градите, стомакот и рамената. Резултатот е убаво тонирани мускули на рацете, нозете и во долниот дел на стомакот.

Поза 2

  1. Раширете ги нозете во распон на колковите.
  2. Додека ги кревате рацете нагоре со дланките насочени една кон друга, свиткувајте ги колената и насочете го задникот наназад, исто како да седнувате на стол. Колената не треба да отидат понапред од прстите на нозете.
  3. Повлечете го стомакот навнатре и држете го грбот исправен. Задржете се во таа поза 20 секунди и дишете длабоко. Направете кратка пауза и повторете ја позата.

Зошто е корисна: Оваа поза е корисна за подобрување на положба на телото, затоа што учи како треба да биде исправен грбот. Со неа добивате убави цврсти нозе и поголема стабилност на телото.

Поза 3

Може да се каже дека оваа поза е комбинација од двете претходни.

  1. Застанете во поза 1, а потоа приближете ја десната рака кон левата, насочете ги дланките една кон друга и започнете да ги кревате двете раце нагоре, додека сте свртени налево.
  2. Задржете се во таа поза 30 секунди. Потоа повторете ја на другата страна.

Зошто е корисна: Со оваа поза ги растегнувате мускулите по целото тело и ги зацврстувате нозете и рацете.

Поза 4

  1. Клекнете во кучешка поза. Рацете треба да ви бидат во распон на рамената, а прстите раширени. Полека започнете да ги подигате колената од подот и исправете ги целосно нозете.
  2. Вратете ги нозете наназад неколку сантиметри, а рацете поместете ги нанапред, за да застанете во правилна поза. Правете напори петиците да ги носите кон подот.
  3. Во текот на целото време внимавајте грбот да ви биде исправен. Дишете длабоко и задржете се во таа поза најмалку 40 секунди.

Зошто е корисна: Со оваа поза го зацврстувате горниот дел од телото. За време на оваа поза, колковите се повисоко од срцето, па тоа ја подобрува целосната циркулација.

Поза 5

  • Легнете на стомак. Поставете ги рацете во распон на рамената, точно под нив.
  • Горниот дел од телото подигнете го со помош на рацете, а задниот со помош на прстите од нозете. Петиците обидете се да ги туркате наназад.
  • Горниот и долниот дел од телото треба да ви бидат на иста висина. Задржете се во таа поза 10 секунди, а потоа исправете ги рацете во лактите. Сега, горниот дел на телото треба да ви биде повисоко од долниот.
  • Задржете се во втората положба 50 секунди. Држете го грбот исправен и дишете длабоко.

Зошто е корисна: Оваа поза е едноставна, но бара малку повеќе издржливост. Го зацврстува горниот дел од телото и сите големи мускули на рацете, нозете и стомакот.

 

 

Н.Н.

error: