Фитнес

Вежби во вода – нов тренд со огромни здравствени бенефиции

Долго време вежбите во вода се асоцираа како вежби само за стари лица. Но, денес овој облик на гимнастика стана модна дисциплина и бележи напредок со подмладена клиентела. Се зголеми бројот на курсеви кои го јакнат телото и го потикнуваат крвожилниот систем и срцето исто како и аеробикот.

Отпорот кој го пружа водата е 16 пати поголем од отпорот на воздухот и бара зголемена работа на мускулите и со текот на времето и со минимална упорност ги обликуваме мускулите на рацете, бутовите, стомакот и задникот и сето тоа со звуците на музиката.

Според тоа, се напредува под позитивното влијание на опкружувањето, се склопуваат нови пријателства што не е за потценување. Овие вежби се одржуваат во базени или на отворено море, река или езеро во текот на летниот одмор или постојано доколку живеете во близина на вода.

За другите луѓе пак, кои што живеат во градови далеку од водени површини базените се одлична опција, отворени или затворени. Секако ефектот е ист.

Опрема за вас

Пливачки ракавици, затоа што го зголемуваат отпорот на водата, ракавиците во облик на палма ја прават пoуспешна работата на рацете и рамената. Убаво се обликуваат бицепсите и на телото му даваат складен изглед.

Прочитајте и Аквареп (Acquarap) – фитнес во вода за убаво обликувано тело!

 

 

Н.Н.

error: