Фитнес

ТРХ (TRX) – Тренинг за обликување и зајакнување на целото тело со помош на ленти

Сосема нов пристап кон тренингот во кој ја користиме сопствената телесната тежина за да вклучиме што поголем број на мускулни влакна. Со ваков вид на тренинг истовремено се развива сила, рамнотежа, флексибилност и цврстина на зглобовите.

Што е ТРХ?

TRX е измислен од страна на американските маринци како средство за физичка подготовка на американските војници, и многу брзо се разви во револуционерен метод со тренирање со сопствената тежина. Тој претставува нова методологија на тренирање која вклучува тренинг на различни моторни вештини а во исто време ја развива модерната филозофија наречена “тренинг со суспензија” (висечки тренинг).

TRX реквизитот ви овозможува да правите стотици функционални вежби со кои ќе ја развиете силата, издржливоста, флексибилноста, рамнотежата, издржливоста, агилноста, стабилност на стомачните задни мускули, карличните мускули, мускулите важни за стабилизација на трупот, функционалната способност и превенција од повреди и побрза рехабилитација.

Кој сѐ може да вежба ТРХ?

Предноста на овој реквизит е тоа што може да го користат вежбачи од различни категории и различни физички способности. Се препорачува подеднакво на рекреативците и професионалните спортисти, мажи и жени, стари лица, деца и тинејџери.

Посебно се препорачува за оние кои имаат проблеми со грбот, потоа на луѓето кои многу седат и чии грбни мускули се ослабени, затоа што со само неколку тренинзи мускулите ќе зајакнат и ќе ја преземат својата функција.

Иако концептот е прилично едноставен, се уште има многу работи кои треба да ги знаете за таканаречениот ”core” тренинг (тренинг кој го зајакнува срцето на телото).

Откако TRX тренингот завладеа во фитнес светот, беше очигледно дека сите, не само американската морнарица, може да постигне големи резултати и одлична форма. Со помош на две висечки траки, TRX е ефикасен начин за изградба на мускулите, и комбинира кардио тренинг со тренинг на сила.

Зошто треба да се вежба ТРХ?

Накратко, постои повеќе од една причина.

Одличен е за почетници и “фитнес наркомани” а да не ги споменуваме оние кои се секогаш во движење, и никогаш немаат време, бидејќи за само 20 минути може да се направи неверојатно ефективен тренингот за целото тело!

Две висечки траки овозможуваат голем број на вежби кои помагаат да се подобри силата, рамнотежата и флексибилноста.

Што треба да се очекува?

Очекувајте голем број на вежби и варијации и никогаш здодевен тренинг. Не плашете се, вежбите може лесно да се прилагодат на вашето фитнес ниво.

На почетокот на курсот ќе почнете полека а потоа ќе прејдете кон следното ниво, но ако станете зависник од вежбање, TRX-от може да ви одговори и на најголемите предизвици!

Дишете правилно додека го вршите секој движење и слушнете го вашето тело.

 

 

Н.Н.

error: