Фитнес

Powerlifting – спорт кој не познава граници

Powerlifting е спорт на сила, која вклучува три дисциплини: сквот, потисок на клупа (во понатамошниот текст bench press) и мртво кревање (deadlift). Целта е да се подигне што поголема тежина во сите три дисциплини во три обиди за секоја дисциплина, и истовремено да се почитуваат јасно дефинирани правила и знаци на судиите.

Најдобрите и најуспешни обиди од секоја дисциплина се собираат и потоа се рангираат конкурентите по согласност на одредени критериуми. Натпреварот може да се организира како “суров” – односно без користење на опрема – или со користење на дополнителна опрема како што се маици за bench press и powerlifting костуми за сквот и мртво кревање (deadlift).

Што е powerlifting?

Кога на некој случаен набљудувач или вежбач во салата треба да се објасни што всушност е powerlifting веројатно овој спорт би го споредиле со олимписко кревање тегови бидејќи се клучни елементите шипка, тегови, три обиди за секоја дисциплина, освен што во Олимпиското кревање тегови имаат за цел да ја подигнат шипката над нивото на неговата глава, а во powerlifting е малку поразлично.

Што е потребно за оваа дисциплина?

Во powerlifting можат да се натпреваруваат и жените и мажите, и ограничувања за возраст речиси и да нема па примери за оваа дисциплина се често паурлифтери во зрела доба и средношколци.

Исто како и во Олимпиското кревање тегови, постојат тежински категории каде секоја категорија има специфичен опсег. Како и секој друг спорт, powerlifting бара значителна волја, посветеност, пожртвуваност, континуитет и што е најважно љубов кон овој спорт.

Веројатно повеќето од заинтересираните не се родени со генетска предиспозиција за спортови со снага, но на крајот тоа не е толку важно се додека личноста се чувствува задоволна со тоа што го прави и ги пробива границите на своите можности.

Како да го зајакнете сквотот, потисокот на клупа и мртвото кревање? Веројатно често сте се запрашувале, особено ако се занимавате со powerlifting.

Ако сакате да го зајакнете сквотот правете сквотови! Истото важи и за другите две вежби.

Се разбира, постојат и тренери кои го нагласуваат изведувањето на вежбите со слични натпреварувачки лифтови со цел на тој начин да се зајакне сквотот, bench press и мртво кревање, но најдобра опција е сепак со сквот да ги зајакнеш сквотовите. Тоа е филозофијата на тренингот и со оваа филозофија не само што го зајакнувате кревањето, туку со секој тренинг работите на техниката која е многу важна ако сакате да напредувате.

Во прилог на главните кревања се разбира потребно е да се работи и на слабите движења, зајакнување на мускулите, превенција на повредите и да се вклучат дополнителни вежби кои помагаат на кревањето со што дополнително се заокружува целосно powerlifting тренингот.

Ако видите некој во теретана што крева сериозни тежини при правење сквот или при потисок на клупа крева неколку поголеми плочи на шипка, веројатно се работи за некој кој знае како да вежба и слободно замолете го да ви ја покаже техниката за извршување и да ве посоветува.

 

 

Н.Н.

error: