Фитнес

Од олимпијци до стари лица – зошто е добро да вежбате кросфит?

Што е тоа кросфит?

Кросфит е фитнес режим развиен од страна на Грег Гласмен и е регистриран заштитен знак на Crossfit inc. која беше основана од страна на Грег Гласмен и Лорен Јена во 2000 година.

Кросфитот е врз основа на функционални движења а овие движења ги отсликуваат најдобрите аспекти на гимнастика, кревање тегови, веслање и многу други дисциплини кои се извршуваат со висок интензитет. Интензитетот е од суштинско значење за резултатите и работата во рамките на одреден временски период или тежина. Со константна промена на различни движења и интензитет се добиваат одлични резултати во фитнесот. Заедницата која спонтано настанува кога луѓето ги работат заедно овие вежби е клучна компонента зошто Кросфитит е толку ефикасен и од тоа настана глобалната мрежа на кросфит филијали и денес тој број е над 13 000.

Кросфит програмата е водена со податоци. Се користи бела табла за вежбање и резултати и штоперица за прецизно мерење на времето. Постојат одредени правила и стандарди при изведување на вежбите.

Која е целта на кросфитот?

Целта на кросфитот е да се создаде сеопфатна и широка фитнес програма поддржана од мерливи и видливи резултати. Специјалноста на кросфитот е да се избегне специјализација. Додека кросфитот ги собира најфит луѓето во светот, наменета е за универзална приспособливост, што го прави совршен за било кој поединец без разлика на искуството.

Овде се одредува оптоварувањето и интензитетот. Потребата на олимпијците или старите лица варира во зависност од степенот, а не видот.

Постои теорија дека комбинацијата на отпор и аеробни вежби има бенефиции за мускулната маса и нивоата на кортизол, но тоа не е медицински потврдено.

Начин на вежбање

Кросфитот се базира на кратки, интензивни различни активности. Тој ве подготвува да бидете добри во многу работи, не само во една.

Секој кросфит тренинг започнува со загревање, кое се состои од трчање, истегнување, вежби на терен и скокање јаже.

Потоа се преминува на одредена програма. Дополнителен мотив за сите кросфит вежбачи е тоа што секој тренинг е врз основа на комбинација на различни вежби.

Едноставно кажано, ниеден не е ист. Кросфит теретаните користат опрема од различни дисциплини, вклучувајќи тегови, гимнастички прстени, шипки за згибови, јажиња, кетбели, медицинки топки, кутии за качување.

Кросфит програмата е децентрализирана, но неговите методи се користат од страна на илјадници приватни теретани, противпожарни бригади, агенции за спроведување на законот, како и воени организации вклучувајќи ја Данската Кралската спасувачка гарда.

Анализата покажа дека бројот на учесниците во кросфит е речиси еднаков 50% мажи и 50% жени.

 

 

К.М.

error: