Фитнес

Нордиско одење – чекор по чекор кон подобро здравје

Нордиското одење е релативно нов облик на телесна активност кое денес се почесто се јавува во рекреативните програми на сите старостни групи. Од година во година се повеќе луѓе одпочнувааат да се занимаваат со овој вид на рекреација и на овој начин го одржуваат телото во добра форма.

Со употреба на минимална количина спортска опрема (потребни ви се само Nordic walking стапови) обичното одење се претвора во исклучително ефикасен тренинг за целото тело, што дава одлични резултати во процесот на вежбање. Активноста се одвива во природата и како таква е исклучително корисна за здравјето.

Потекло на нордиското одење

Нордиското одење има свои корени од Финска од почетокот на 20–тиот век како облик на тренинг за cross-country скијачите во летниот период. Како основач се смета Bernd Zimmerman кои веднаш ѓи препознал позитивните ефекти на овие вежби па отпочнал да го шири понатаму.

Првиот пробив на нордиското одење започнал во 1997 година кога една Финска фабрика за спортска опрема, во соработка со водечките истражувачи од подрачјето на медицината, на спортистите им осмислила нов облик на стаповите и со тоа го прилагодила за пошироките маси. Во Хрватска нордискотото одење се појавило 2002 година, и до денес се основани 5 клубови.

Поради сличноста со нормалното одење, представува лесно и едноставно движење кое на сите ни е вродено, но сепак е потребен одреден број на поминати километри за да се совлада основната техника.

Што претставува нордиското одење?

За разлика од нормалното одење, нордиското одење поради користење на стапови ги вклучува рацете, рамениците, градите и грбот низ полн обем на движењата. Стаповите стануваат продолжени раце и со тоа создаваме потпора на четири точки, нозе и раце – стапови, со што автоматски ги растеретуваме зглобовите на долните екстремитети и лумбалниот дел на грбот и до 30%.

Што е потребно?

За да уживаме во нордиското одење и за да ги постигнеме бројните позитивни ефекти, покрај познавањето на правилните техники потребни ни се и адекватни стапови. При одбирањето на стаповите се применува формулата за пресметка на висината на стаповите која гласи: вашата височина x 0,7 = адекватна висина на стаповите.

Зошто е добро нордиското одење за нашето здравје?

Позитивните ефекти на нордиското одење се многубројни, но како најважни потребно е да се споменат развивањето на издржливоста и силата со што автоматски влијаеме и на правилното држење. Бидејќи ѓи вклучува 90% од мускулите на телото се троши и поголема количина на енергија (400 – 450 kcal) по еден час активност за разлика од нормалното одење кај кое се троши до 300 kcal.

Активирањето на кардиоваскуларниот систем е поголемо па фрекфенцијата на срцето се зголемува за 10-15% што е од особена важност за лицата со поголема тежина кои на овој начин можат да ја регулираат.

Освен на функционалните способности, нордиското одење позитивно делува и на системот за движење. Употребата на стаповите го намалува оптеретувањето на зглобовите на нозете и слабинскиот дел на кичмениот столб. Оваа карактеристика многу е важна за луѓето кои имаат проблеми со зглобовите на долните екстремитети затоа што овозможува повеќе движење со намалени болки и со намален ризик од повредување.

Со правилна техника на одење се јакнат сите мускули на горниот дел од телото, мускулите на лумбалниот дел од грбот и стомачните мускули. На овој начин значително ги намалуваме проблемите со болните и напнати раменици, вратот и грбот кои се неизбежни поради седечкиот начин на живеење на кои сме приморани поради работата.

Дваесетина минути аеробни активности го потикнува лачењето на хормонот на доброто расположение што влијае на опуштеност и креативност во решавањето на секојдневните предизвици.

И што е најважно, нордиското одење е погодно за сите возрасти, може да се применува во било кој дел од годината било во градските паркови или на планинските патеки, а се што е потребно се патики и еден пар стапови.

За да се постигнат сите горенаведени позитивни ефекти се препорачува оваа активност да се применува што е можно почесто, во траење од минимално 30 минути до 2 часа.

За оние кои немаат преголема склоност кон активен начин на живеење нордиското одење е прав избор. Треба само да се решите и да го направите првиот чекор.

 

 

Н.Н.

error: